Емили Ратајковски на прошетка со бебето додека јавноста ја критикува: „Зборува за сексуално вознемирување откако заработи милиони“
- Детали
- петок, 04 март 2022
Додека некои се восхитуваат на храброста на Емили Ратајковски бидејќи прозборе за вознемирувањето што го трпела во модната индустрија, многумина ја нарекуваат дволична бидејќи своеволно била дел од индустријата и решила да зборува дури откако заработила милионски суми.
Емили Ратајковски уживаше во сончевиот ден во Њујорк со нејзиниот син Силвестер. 30-годишниот модел изгледаше одлично со црно кожено сако во комбинација со фармерки, бела маичка и чизми.
Само една недела претходно, Емили ја прослави четвртата годишнина од бракот со сопругот Себастијан. По повод годишнината, моделот сподели и неколку приватни фотографии од нивната венчавка.
Емили ја шокираше јавноста во 2018-та кога откри дека се венчале со Себастијан – церемонијата била приватна и присуствувале само неколку блиски пријатели, а моделот не ни најави дека планира венчавка.
Пред неколку месеци Емили ја издаде нејзината книга со есеи насловена My Body која речиси веднаш стана бестселер.
Во книгата, моделот откри дека била сексуално вознемирувана на сетот на спотот за Blurred Lines – видеото што всушност ја направи светски позната.
Емили вели и дека модната индустрија е машки свет каде што жените се гледаат само како предмети.
Но, додека многумина ѝ се восхитуваат на Емили за храброста што прозборела за вознемирувањето што го трпат многу модели, некои ја критикуваат нејзината книга.
Оние кои ја напаѓаат сметаат дека Емили е дволична бидејќи останала во индустријата за која вели дека ја секуларизира, како и дека молчела за инцидентот на сетот на Blurred Lines бидејќи славата ѝ била поважна.
Истовремено, на многумина не им се допаѓа тоа што Емили имала релативно добро детство и потекнува од богато семејство, па не може да се споредува со луѓе кои целиот живот се борат за минимална заработка.
Дел од коментарите на Goodreads:
„Значи, ова е жена која ја напаѓа индустријата што ја направи позната и уште е дел од неа. Вели дека е сексуализирана, но продолжува да објавува голи фотографии за лајкови и машко внимание. Во книгата буквално напиша дека претходно не кажала ништо за Робин Тик бидејќи немало да стане славна“.
„Уште една бескорисна книга од славна личност која нема допир со реалноста. Емили била и секогаш ќе биде богата, па затоа ја нема перспективата што ќе ѝ помогне да сфати дека ќе добие сожалување само од другите богаташи. Не ја читате оваа книга освен ако не сакате нешто напишано од уште една разгалена личност“.
„Никогаш не сум прочитал нешто толку површно. Омилениот дел ми е каде што Емили самата признава дека молчела за недоличното однесување на Робин Тик бидејќи тоа ќе ја саботирало нејзината слава – слава заснована на ужасни, мизогинистички песна и спот“.
„Емили Ратајковски – жената која заработи милиони поради интересот на мажите и самата дозволи да биде сексуализирана – сега има проблем со секуларизацијата на жените во модната индустрија. Емили е жива контрадикција – профитира и самоволно е дел од мизогинистичкиот систем за којшто се жали“.
Прочитајте повеќе: „Исполнував фантазии на постари мажи за пари“ - Емили Ратајковски повторно открива шокантни детали од младоста
Спирова С. | Црнобело