„Облечи се!“ – Емили Ратајковски сподели видео од довикнувањата што ги слуша кога шета на улица

Дали е непристојно да ѝ довикнувате на некоја девојка да се облече или, пак, е непристојно да носите тесна маичка со длабоко деколте? Емили Ратајковски објави видео на кое се слуша како еден маж ѝ довикнува да се облече, а доби огромна поддршка од нејзините следбенички.

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-01.jpg

Модната дизајнерка и модел Емили Ратајковски е позната по своите смели изданија и фотосесии.

Наместо на плажа или на некоја егзотична дестинација, таа на почетокот на летото направи фотосесија низ улиците на Њујорк, во рамки на која позираше во нејзината нова линија бикини костими за капење.

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-06.jpg

Во сличен стил таа позираше во долна облека низ улиците на Њујорк уште во 2017-та година, а сега сподели како вообичаено реагираат мажите кога ќе ја видат на улица.

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-04.jpg

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-05.jpg

Емили објави кратко видео на Инстаграм во кое се гледа дека низ улиците на Њујорк шета во маичка без ракави и со длабоко деколте, но тоа очигледно не му се допаднало на случајниот минувач, кој чувствувал дека е должен дека треба да ја прекори.

„Девојко, облечи си маица“ – се слуша неговиот глас во заднина.

@emrata

famously not demure, famously not mindful.

♬ 365 - Charli xcx

„Славно нескромна, славно невознемирена“ – напиша таа до видеото.

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-03.jpg

Откако Емили го објави видеото, коментарите до него се најразлични.

Според нив не се само мажите тие што довикнуваат, има и жени, а причината за тоа, во главно е љубомора.

„Не се секогаш мажите, но речиси секогаш мажите се тие што довикнуваат“;

„Мислам дека и жените знаат понекогаш да бидат вознемирени, подготвени за натпревар, критички настроени... И има голем број повозрасни жени што го имаат истото мислење како мажот во видеото. Можеби мажите се само малку повеќе искрени“ ;

„Не се секогаш мажите! Имало љубоморни жени што ми довикнувале кога носев иста маичка како неа“;

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-03_copy.jpg

„Па ти веќе носиш маичка“;

„Мислам дека сакаше да ти каже: ‘Посакувам да си со мене!’“;

„Се чувствува незадоволно затоа што не може да освои некоја згодна девојка, па сега се одмаздува на сите згодни жени“ – стои во дел од коментарите.

Што мислите вие? Дали е пристојно да ѝ довикнувате на некоја девојка да се облече, само затоа што таа се чувствува самоуверено во своја кожа и смета дека може да го носи она што ѝ стои добро?

Во продолжение погледнете ги фотките од Емрата како позира во бикини на улица:

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-12.jpg

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-11.jpg

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-10.jpg

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-09.jpg

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-08.jpg

oblechi-se-emili-ratajkovski-spodeli-video-od-doviknuvanjata-shto-gi-slusha-koga-sheta-na-ulica-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg