Клои Кардашијан по скандалите со Тристан ослабе до непрепознатливост - позира топлес, критикувана за лош Фотошоп (фото)
- Детали
- среда, 02 февруари 2022
По скандалите со поранешното момче Тристан Томпсон, кој неодамна стана татко по третпат и јавно ѝ се извини затоа што ја изневерувал, Клои Кардашијан ослабе до непрепознатливост и редовно да објавува свои фотографии на социјалните мрежи.
Клои Кардашијан (37) која во минатото беше препознатлива по облините и која често беше мета на критики затоа што премногу ги обработува сопствените фотографии, сега ја користи секоја прилика за да го покаже своето витко тело.
Во текот на минатиот месец папараците ја уловија Клои додека беше на прошетка со ќеркичката Тру Томпсон (3) и со внуката од братот Роб, Дрим, и осамнаа фотографиите од нејзиното витко тело.
Исто така, во изминатиот период имаше и шпекулации дека таа ги извадила имплантите од задникот.
По ова Клои редовно објавува сопствени фотографии на Инстаграм, на кои може да се види дека изгледот на телото на ријалити ѕвездата целосно е променет.
Во текот на минатата недела се појавија нови информации дека Тристан Томпсон наводно повторно бил забележан со нова девојка по скандалот со аферата со Морали Николс, со која го доби своето трето дете.
На ТикТок е објавено видео во кое се гледа како непозната девојка седи во скутот на познатиот кошаркар, кој таа вечер бил во бар заедно со колегите од тимот. Девојката што го објави видеото вели дека тој ја забележал што прави и ја замолил да не го снима.
Прочитајте и Клои Кардашијан разочарана - Тристан Томпсон третпат стана татко, ѝ нудел пари на мајката да молчи за бременоста
@triciacaracoza Saw it with my own two eyes. Zero respect for this trash. #tristanthompson #khloekardashian #garbage #fyp #elfitup ♬ F U Anthem - Leah Kate
Тристан не го коментираше видеото, но затоа неговата поранешна девојка и мајка на ќеркичката Тру имаше што да каже. Таа објави сопствени фотографии на Инстаграм профилот до кои напиша:
„Предавството ретко доаѓа од непријателите“.
Сепак, дел од нејзините следбеници коментираа за лошиот Фотошоп на фотографиите, особено за нејзините раце што изгледаат неприродно.
„Рацете на Клои Кардашијан изгледаат како нешто што замислувам дека живее под мојот кревет и ме фаќа за нога додека спијам“, „Што се случило со рацете“, „Рацете ти изгледаат страшно на третата фотографија“ - стои во дел од коментарите.
За потребите на кампањата на нејзиниот бренд за облека Goodamerican, која е наменета за девојките со облини, Клои се фотографираше и топлес, а на може да се забележи дека речиси ништо не останало од некогашните облини по кои беше препознатлива.
Таа објави уште две фотографии со кои покажа дека нејзината нова линија се должи на напорно вежбање. Како што вели, двете фотографии се направени со разлика од три месеци во кои напорно работела на тонирање на рацете и грбот.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело