По скандалите со Тристан, Клои Кардашијан непрепознатлива – нема ниту трага од облините (фото)
- Детали
- среда, 12 јануари 2022
Не остана ниту трага од некогашните облини на Клои Кардашијан. За првпат по скандалите со нејзиното поранешно момче Тристан Томпосн, ријалити ѕвездата беше фотографирана од папараци, а изгледаше целосно непрепознатливо.
Клои Кардашијан (37) беше уловена од папараци додека се шеташе со ќеркичката Тру Томпсон (3) и внуката од братот Роб, Дрим, низ Лос Анџелес, а забележително е дека таа неверојатно многу ослабела па воопшто не се забележуваат облините на нејзиното тело по кои беше препознатлива.
Клои Кардашијан во изминатиот период беше во фокусот на јавноста поради неверството на нејзиното поранешно момче Тристан Томпсон кој од аферата со Морали Николс го доби своето трето дете.
Тристан во периодот околу март 2021-ва година додека сѐ уште беше во врска со Клои имал афера со фитнес инструкторката, а јавно им се извини и на Клои и на ќеркичката Тру за скандалот.
Клои во минатото често беше мета на критики поради тоа што премногу ги обработува фотографиите, но папарацо фотографиите најчесто се необработени и прикажуваат како славните изгледаат навистина.
Ова е првпат Клои да биде „уловена“ од папараци во јавност по скандалот, а ако може да се суди по нејзиниот изглед, очигледно не е толку рамнодушна на пишувањата во медиумите.
Иако во минатото веќе се шпекулираше дека Клои ги извадила имплантите од задникот, во најновите фотографии може да се забележи дека таа е значително ослабена, со рамен стомак и задник. Нема ниту трага од некогашните облини по кои беше препознатлива.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело