„Ме критикувате за сè, еве како изгледа моето тело“ - Клои Кардашијан се снимаше гола во одбрана за нефотошопираната фотка
- Детали
- четврток, 08 април 2021
„Цел живот сум осудувана од сите: ’Клои е дебелата сестра‘. ’Клои е грдата сестра‘, да продолжам?“ – со видео во живо од своето голо тело и со искрена исповед за притисоците да изгледа совршено, Клои се огласи по критиките откако се обиде да ја отстрани нефотошопираната фотографија.
Клои сподели неколку видеа, но и изјава во врска со нејзината фотографија која беше објавена без дозвола, сакајќи да покаже како навистина изгледа нејзиното тело, но и да нагласи дека секогаш чувствувала притисок од јавноста да изгледа совршено.
Клои Кардашијан конечно реши да се одбрани во врска со обидите да ја отстрани фотографијата од неа која е без Фотошоп и беше објавена без нејзина дозвола.
Најпрво Клои пушти Инстаграм видео во живо, каде што го соблекува блузонот што го носи и малку ги спушта тренерките за да го покаже тонираното тело.
Потоа Клои сподели дел од видеото во живо на Инстаграм профилот, заедно со уште едно видео на кое носи само долна облека, а градите ги покрива со рацете.
„Да, направив лајв видео за да ви покажам дека ова не е фотошопирано“, пишува во описот.
Покрај двете видеа, во објавата Клои објаснува зошто побарала да се отстрани фотографијата од неа, нагласувајќи дека постојано чувствува притисок да изгледа совршено.
„Ова сме јас и моето тело без филтри. Фотографијата што беше споделена неделава е убава. Но, како личност којa цел живот се чувствува несигурно за своето тело, кога некој ќе направи фотографија на која не изгледаш баш најдобро и на која не се познава дека напорно си работел за да стигнеш дотука – а потоа ја споделува со целиот свет – го имаш целото право да побараш да не биде споделувана, без разлика кој си.
Искрено, притисокот, постојаното потсмевање и судењето што ги чувствувам целиот живот за да изгледам совршено и да ги исполнам туѓите стандарди за тоа како треба да изгледам се премногу за мене. ’Клои е дебелата сестра‘. ’Клои е грдата сестра‘. ’Нејзиниот татко сигурно не ѝ е вистински татко бидејќи изгледа многу поразлично‘. ’Сигурно ослабела со операција‘.
Да продолжам?
Но кому му е грижа, бидејќи таа порасна со привилегии. Таа е на ријалити шоу, па сигурно се согласила за сето ова. Се разбира, не барам да ме сожалувате, туку барам да сфатите дека сум човек.
Не сум совршена, но тврдам дека секој ден се обидувам да живеам што поискрено, со емпатија и добрина. Ова не значи дека не сум направила грешки. Но, нема да лажам. Речиси неподносливо е да се обидувам да ги исполнам стандардите што ми ги наметна јавноста“.
Клои нагласува дека цела деценија, нејзините недостатоци биле анализирани и била исмејувана за најмалите нешта.
„А, кога ги користам критиките како мотивација за да се подобрам, па дури и да им помогнам на другите со исти проблеми, ми велат дека не сум го направила тоа со напорна работа, туку дека сум платила“.
Клои додава дека сето ова ја натерало да мисли дека таа не е доволно добра и дека никогаш нема да биде убава ако биде своја.
„Имам добар филтер, добро светло и одвреме-навреме уредувам некоја фотографија. Исто така, се шминкам, си ги правам ноктите или носам штикли за да се претставам како што јас сакам и ќе продолжам да го правам тоа, без извинување. Моето тело и како сакам да изгледам и што да споделувам е мој избор. Никој не може да одлучува или да суди што е прифатливо, а што не“.
На крај, Клои испраќа порака до сите кои го чувствувале истиот притисок и имале проблеми со ниска самодоверба:
„За оние кои постојано чувствуваат притисок дека не се доволно совршени, сакам да знаете дека ве разбирам. Секој ден, семејството и пријателите кои ме сакаат ми велат дека сум убава, но знам дека и јас морам да верувам во тоа. Сите ние сме уникатни и совршени на свој начин. Сфатив дека не можеме да го живееме животот обидувајќи се да го постигнеме совршенството што другите ни го наметнале. Само бидете свои и осигурете се дека срцето ви е среќно“.
За само неколку часа, објавата на Клои има над 2 милиони лајкови и огромен број фанови ја поддржале, вклучувајќи го и нејзиното семејство:
„Да! Ти си убава, силна, здрава кралица“, напишала Кендал.
„Те сакам Клои“, гласи коментарот на Ким.
„Клои, ти го имаш најдоброто и најубавото срце што го знам, и те обожавам и сум многу горда на тебе. Ти си инспирација за сите нас и те ценам и те сакам секој ден. Ти благодарам што ни покажа како да бидеме добри и да не судиме… Ти си единствена… Каков благослов си. Ти си дар“, напишала Крис Џенер.
Спирова С. | Црнобело