Фотка од Клои Кардашијан по бикини објавена без нејзина дозвола – како изгледа без Фотошоп и зошто сака да ја отстрани?
- Детали
- вторник, 06 април 2021
Деновиве на Редит, а наводно и на неколку други форуми, беше споделена фотографија од Клои Кардашијан, која таа се обидува да ја отстрани бидејќи не била објавена со дозвола. За разлика од фотките што ги објавува Клои, оваа не е воопшто уредувана и ја покажува во вистинско светло.
Корисник на Редит споделил фотографија од Клои Кардашијан по бикини, на која ѕвездата нема шминка. Истовремено, фотографијата не е воопшто уредувана и ја прикажува Клои токму онаква каква што е.
Набрзо откако фотографијата беше споделена, ПР тимот на Клои ја пријавил бидејќи, според нив, била објавена без дозвола и со тоа се прекршувале неколку правила, според DailyMail.
На фотографијата, која веќе е отстранета од Редит, Клои стои пред базен и носи бикини со леопардски принт, а косата ѝ е собрана во опавче. Се претпоставува дека фотката е направена за време на викендот, во куќата на Крис Џенер каде што семејството го помина Велигден.
Клои навистина изгледа одлично на фотографијата и на многумина не им е јасно зошто не сака да биде прикажана во природно светло, бидејќи е факт дека сепак постои разлика од уредените фотки кои ги објавува на Инстаграм, на кои изгледа како порцеланска кукла.
Редит е преплавен со коментари, од кои голем дел се позитивни:
„Нема ништо погрешно со фотографијата. Таа изгледа одлично!“
„Би било добро почесто да гледаме како навистина изгледаат. Овде Клои изгледа нормално, а не пластично“.
„Изгледа многу пореално и подобро. Дефинитивно поставува подобар пример“.
„Тажно е што мораа да ја избришат сликата. Освежувачки е да го видиш нејзиното лице, а не цел куп шминка“.
„Изгледа одлично. Можеби ова не ѝ е најдобрата фотографија, но се гледа дека напорно работи на своето тело. За жал, постојано ја критикуваат, најмногу бидејќи користи премногу Фотошоп. Клои, изгледаш неверојатно“.
Некои корисници коментираа дека Клои дефинитивно имала липосукција, па затоа има рамен стомак. Но, корисници кои имаат искуство со липосукција ја одбранија, нагласувајќи дека нема никаква лузна на стомакот.
Уште не е познато како фотографијата завршила онлајн, но постојат претпоставки дека е споделена од Крис Џенер. Таа, како голем број славни, има приватен Инстаграм профил наменет само за најблиските. Според шпекулациите, таа ја споделила фотографијата таму, а некој ја преземал.
Според изјава на член од ПР тимот, наводно фотографијата била направена на приватен семеен собир, а била објавена без дозвола, односно по грешка од страна на некој асистент, а сега Клои сака да биде избришана.
Спирова С. | Црнобело