Клои Кардашијан разочарана - Тристан Томпсон третпат стана татко, ѝ нудел пари на мајката да молчи за бременоста
- Детали
- вторник, 07 декември 2021
Девојката која тврдеше дека е бремена од Тристан Томпсон наводно се породила – кошаркарот ѝ нудел пари за да молчи за бременоста, додека Клои е разочарана бидејќи не само што ја изневерил, туку и станал татко по третпат.
Деновиве се дозна дека Тристан Томпсон не завршил со неверствата и имал уште една афера додека бил во врска со Клои Кардашијан, а овојпат аферата резултирала со бременост.
Девојката со која бил Тристан сега го тужи заради избегнување на родителска грижа и тврдеше дека е бремена со негово дете.
Според People, девојката веќе се породила, што значи Тристан го доби неговото трето дете. Покрај ќерката со Клои, Тристан има уште едно дете - синот Принц со моделот Џордан.
Кошаркарот призна дека имал однос со девојката барем еднаш и иако не е потврдено дека детето е негово, се чини дека и Клои е убедена дека тврдењата на девојката се вистинити.
Според извори блиски до ријалити ѕвездата, и Клои неодамна дознала за бременоста, како и дека била во врска со Тристан кога се случила аферата.
„Клои знае за бебето, но од неодамна. Разочарана е што откри дека тој повторно ја изневери. Едноставно, не ѝ се верува дека повторно ќе биде татко. Ова е навистина тажна ситуација за неа“.
Изворот тврди дека на почетокот на пандемијата Клои и Тристан биле во одличен однос и заедно го поминале карантинот, а целото семејство на ријалити ѕвездата било убедено дека Тристан ќе се промени.
„Клои се надеваше дека овојпат Тристан ќе биде верен и лојален. Семејството секогаш ја поддржува Клои. Тие се однесуваа добро кон Тристан дури и откако тој неколкупати ѝ го скрши срцето“.
Друг извор близок до Клои вели дека таа никогаш не била толку разочарана.
„Нејзините сакани ја немаат видено толку разочарана и сите пробуваат да ѝ ја дадат потребната поддршка. Нејзиното семејство, нормално, е разочарано бидејќи сите се надеваа дека повеќе нема да слушаат вакви приказни за Тристан.
Можеби она што најмногу ја повредува Клои е нејзиното мислење дека Тристан сака девојки кои изгледаат поразлично од неа, а ова само дополнително ѝ ја уништува самодовербата. Силна е, но постојано се прашува зошто ова ѝ се случува неа“.
Изворот вели дека Тристан зборувал со некои од семејството Кардашијан и дека пробал да се извини, но сите сметале дека целата ситуација е засрамувачка.
Магазинот The Sun сподели и порака за која велат дека Тристан ѝ ја пратил на девојката со цел да ѝ понуди пари за да молчи за бременоста и да не го тужи:
„Знаеш како се чувствувам. Моите чувства се немаат променето. Не сакам да бидам вклучен. Но, погрешно е ако мислиш дека ова бебе ќе ти заработи пари. Знаеш дека се пензионирам оваа сезона.
Па, ако треба да плаќам алиментација, ќе биде сума одредена за невработен. Во Тексас си, што значи ќе добиваш само неколку стотина долари месечно.
Затоа подобро земи ги овие 75.000 долари што ти ги нудам бидејќи нема да добиеш ни приближно толку ако имаш дете со невработен татко“.
Откако инцидентот осамна во медиумите, Клои е забележана само еднаш во јавност, во нејзиниот автомобил. Таа уште се нема огласено за ситуацијата, но наводно веќе размислувала дали е во ред заедно да ја одгледува ќерката Тру со Тристан.
Прочитајте повеќе: Тристан Томпсон ќе стане татко по трет пат – Ја изневерил Клои додека славел роденден
Спирова С. | Црнобело