Ќеркичката на Карди Би ѝ нацртала срце со пенкало на Birkin чантата од 55.000 евра
- Детали
- сабота, 29 март 2025
Се случува ли и вашите малечки дома да ве изненадат со „уметничко дело“ на најнесоодветно место? Карди Би се соочила токму со таква ситуација.
Карди Би е мајка на 3 деца (eден син и две ќерки) и ги обожава, но понекогаш нивните лудории ја вадат од такт.
Таа е и вљубеничка во убавите чанти и има навистина вредна колекција, но сега доживеала незгода.
На Инстаграм Стори, раперката се пожали дека нејзината постара ќерка, која има 6 години, ѝ нацртала срце со пенкало на нејзината Birkin чанта од 55.000 евра.
„На оваа чанта потрошив буквално 55.000 евра. Видете што ѝ направила ќерка ми...“, напиша таа.
Инаку, нејзиниот развод со сопругот Офсет е во тек.
Kликнете на стрелката, па на видеото за да ја видите „персонализираната“ чанта на Карди Би:
Прочитајте и Во тинејџерските години била стриптизета, дрогирала мажи и ги ограбувала: Скандалозното минато на Карди Би
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





