Алек Болдвин низ солзи проговори за трагедијата: „Никогаш не би вперил пиштол во некого, не го повлеков чкрапалото“
- Детали
- четврток, 02 декември 2021
„Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото“ - Холивудскиот актер Алек Болдвин за првпат јавно низ солзи проговори за трагедијата што се случи на снимањето на филмот Rust, кога кинематографката Халина Хачинс го загуби животот.
Актерот Алек Болдвин даде ексклузивно интервју за ABC во кое за првпат јавно говореше за несреќниот случај што се случи на снимањето на филмот Rust.
На 21-ви октомври годинава се случи трагедија кога Алек Болдвин (63) со стар револвер за време на пробата на снимањето на филмот Rust, ненамерно ја застрела и ја уби кинематографката Халина Хачинс и го повреди режисерот и сценарист Џоел Соуза.
„Воопшто не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол во некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!“ – вели Алек Болдвин во видео најавата за екстензивното интервју за ABC.
Болдвин додава дека не знае како воопшто во пиштолот се нашла вистинска муниција. Потенцира дека воопшто не очекувал дека постоела каква било можност во пиштолот да се најде вистинска муниција.
„Некој ставил вистинска муниција во пиштолот што воопшто не требаше ниту да биде на местото на снимањето“ – додава тој.
За време на пробата, актерот ги застрелал Халина Хачинс (42) и сценаристот и режисер Џоел Соуза (48). Халина со прострелна рана во градите со хеликоптер била пренесена во болница, но за жал, го загуби животот.
Болдвин во интервјуто проговори и за Халина, па кажа дека сè уште не му се верува дека неа ја нема.
„Се навраќам назад и мислам што можев да направам? Таа беше сакана од сите луѓе што работеа со неа и сите ѝ се восхитуваа... Мислам, дури и сега ми е тешко да поверувам дека ја нема. Не ми се верува“ – вели актерот.
Погледнете го видеото од најавата за интервјуто:
Б. С. Б. | Црнобело