Има опсесивно-компулсивно нарушување, првата жена го оставила заради алкохолизам - Факти за Алек Болдвин
Алек Болдвин заради алкохолизмот се разведе со Ким Бесинџер по девет години брак. Денес е во брак со Хиларија Болдвин со која има шест деца. Што знаеме за холивудскиот актер?
Алек Болдвин (63) деновиве е топ-тема во медиумите поради трагедијата што се случи на снимањето на филмот Rust каде тој ненамерно ја застрела и ја уби колешката Халина Хачинс.
Станува збор за актер со долгогодишна филмска кариера кој низ годините бил мошне застапен во медиумите како со успешните филмски проекти, така и со детали од неговиот приватен живот.
Во продолжение неколку факти за него. Кој е Алек Болдвин?
Неговото целосно име е Александар Рае Болдвин Трети, а се смета дека неговото семејство живее во САД цели 14 генерации.
Додека бил млад работел во легендарниот клуб „Студио 54“, познат по лудите забави за славните и познатите.
-->
-->
Во 1979-та година тој добил предизвик да се пријави на аудиција на Драмската Академија во Њујорк, а сите биле изненадени кога бил примен.
-->
Кариерата ја започнал во ТВ сапуницата The Doctors. Тој вели дека токму тука научил како брзо да ги учи репликите, да прави избори и да работи во тим.
Сите знаат дека Алек има уште тројца браќа што имаат успешни актерски кариери (Даниел, Вилијам и Стивен), но ретк кој знае дека тие имаат уште две сестри Елизабет и Џејн, што не се заинтересирани премногу за шоу-бизнисот.
За улогата во филмот The Hunt for Red October, Алек морал да научи како да управува со подморница.
Алек е огромен обожавател на животни. Во периодот додека бил во брак со Ким Бесинџер имал 10 кучиња, 7 мачки и еден волк.
Размислувал за политичка кариера. За него се знае дека е голем поддржувач на Демократите во САД, а во 2011-та година сериозно размислувал да се кандидира за градоначалник на Њујорк.
Уште седум факти на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...

Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад
Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...

Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист...
Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...