„Пластичната принцеза“ Памела Андерсон во ретко природно издание – без грам шминка, по тренерки (фото)
- Детали
- среда, 10 ноември 2021
На прошетка со сопругот, по тренерки и апостолки и без грам шминка - папараците ја уловија „пластичната принцеза“ Памела Андерсон (54) во ретко природно издание.
Памела Андерсон е препознатлива по нејзиниот долгогодишен „пластичен“ изглед, но на последната прошетка низ Малибу, таа беше забележана во опуштено издание, кое не е карактеристично за неа.
Ѕвездата на некогашната хит-серија Baywatch е позната по големиот број пластични операции и по прекумерната употреба на ботокс, па за неа често се велеше дека е „пластична принцеза“.
Во последниот период таа е повторно актуелна откако приказната за нејзиниот брак со тапанарот Томи Ли почна да се обработува во филмот Pam And Tommy.
Памела самата упати лоши критики за филмот и рече дека филмот е „евтина и смешна измислица“.
Таа во моментов е во брак со нејзиниот телохранител Ден Хејхарст, во кого се вљубила за време на карантинот и одлучила да се венча во тајност. Инаку ова е нејзин петти брак, а за него рече дека конечно е во рацете на маж што навистина ја сака.
Прочитајте и „Конечно сум со маж кој вистински ме сака“ – Памела Андерсон се венчаше тајно со телохранителот (фото)
Погледнете повеќе папарацо фотографии од Памела во ретко природно издание:
Б. С. Б. | Црнобело