Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Конечно сум со маж кој вистински ме сака“ – Памела Андерсон се венчаше тајно со телохранителот (фото)

Памела Андерсон се венчаше по петти пат, со нејзиниот телохранител Ден Хејхарст, а според изворите, тие се вљубиле за време на карантинот.

konechno-sum-so-mazh-koj-vistinski-me-saka-pamela-anderson-se-venchashe-tajno-so-telohranitelot-foto01.jpg

Според светските медиуми, 53-годишната Памела Андерсон уште еднаш стапи во брак, откако се вљубила во својот телохранител за време на карантинот. Тие направиле мала, интимна венчавка, во нејзиниот дом во Канада, и тоа на католичкиот Божиќ.

„Сега сум точно таму каде што треба да бидам – во рацете на маж кој навистина ме сака“, изјави Памела за нејзината нова љубов.

konechno-sum-so-mazh-koj-vistinski-me-saka-pamela-anderson-se-vencha-vo-tajnost-so-nejziniot-telohranitel-foto-02.jpg

За венчавката, Памела одбрала елегантна венчаница со светлосина боја и детали со беж боја, а интересно е што на нозете носела гумени чизми бидејќи, како што вели самата, морале да стојат во кал додека траела церемонијата.

„Вљубена сум. Се венчаваме на Божиќ со благословот на двете наши семејства, и сите кои ги знаеме се среќни за нас. Венчавката ја одржавме на имотот што го купив од моите баба и дедо пред 25 години. Ова е местото каде што се венчаа и моите родители, а тие се заедно до денес“.

konechno-sum-so-mazh-koj-vistinski-me-saka-pamela-anderson-se-vencha-vo-tajnost-so-nejziniot-telohranitel-foto-04.jpg

Поради пандемијата, Памела и Ден не биле во можност да направат голема венчавка, но ѕвездата вели дека и на двајцата повеќе им годело тоа што се сами. На венчавката немало ниту еден гостин, а ова била нивна заедничка одлука.

Памела го запознала Ден на почетокот од пандемијата, пред околу една година, и оттогаш биле неразделни. Таа вели дека ова е можеби најубавата година од нејзиниот живот, и уште веднаш знаела дека Ден е вистинскиот.

Според извори блиски на парот, тие се совршени заедно и одлично се сложуваат.

konechno-sum-so-mazh-koj-vistinski-me-saka-pamela-anderson-se-vencha-vo-tajnost-so-nejziniot-telohranitel-foto-03.jpg

Памела е познат активист за правата на животните, а според нивните пријатели, Ден многу ја поддржува во ова.

„Памела и Ден прават прекрасни работи заедно. Тој ѝ помага да изгради засолниште за животни. Истовремено, ѝ помагаат на нивната заедница и бараат начин како да им помогнат на децата од земјите во развој. Тие имаат огромни срца. Ден се венчаше со девојката од неговите соништа и е многу горд на нејзините достигнувања“.

Засега малку е познато за новиот сопруг на Памела, но наводно тој е телохранител во неговите 40-ти, а Памела била првата славна личност за којашто работел. Некои извори тврдат дека токму тоа е една од причините што почнал да ѝ се допаѓа.

konechno-sum-so-mazh-koj-vistinski-me-saka-pamela-anderson-se-vencha-vo-tajnost-so-nejziniot-telohranitel-foto-05.jpg

Венчавката со Ден е петта за Памела, но со четири различни мажи. Претходно таа беше во брак со Томи Ли, со кого ги има синовите Брендон и Дилан. Подоцна таа се венчаше во Кид Рок, а третиот пат со Рик Соломон. Откако се раздели со Рик во 2007-а, парот му даде уште една шанса на бракот и повторно се венчаа во 2013-та, но се разделија.

Памела на денот на нејзината венчавката:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg