Бремената Кајли Џенер прошета по влечки со ќеркичката во раце + дали на раката ѝ блеска веренички прстен од Тревис?
- Детали
- среда, 03 ноември 2021
Една фотографија на Кајли Џенер на Инстаграм ги „подгреа“ гласините за можна свршувачка со таткото на нејзините деца, Тревис Скот. Истиот ден таа беше фотографирана како по влечки ја носи ќеркичката Сторми во раце, а видлив беше и прстенот.
Моделот Кајли Џенер (24) неодамна објави дека е бремена со второто дете од врската со нејзиното момче Тревис Скот (29), а деновиве во медиумите се проширија гласините дека е можно таа наскоро да стапи во брак со него.
Кајли на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека таа и Сторми од Тревис добиле идентични прстени, но она што предизвика коментари е тоа што кај неа под црниот ракав, се гледа дека ѕирка веренички прстен.
„Тато ни подари идентични прстени“ – напиша Кајли до фотографијата.
https://www.instagram.com/p/CVyDZYQphBA/?utm_source=ig_web_copy_link
Дополнително, папарацо фотографите ја уловија на аеродромот во Лос Анџелес со истиот прстен на раката.
Кајли беше забележана како пристигнува на аеродромот со нејзиниот автомобил, во опуштено издание и подготвена за долг лет.
Во влечки и во удобна облека, таа ја носеше 3-годишната ќерка Сторми во раце.
Засега нема точни информации во кој месец од бременоста е Кајли и кога таа и Тревис би можеле да го очекуваат раѓањето на нивното второ дете, но на фотографиите и под вреќестата облека се гледа трудничкото стомаче.
За потсетување, Кајли со кратко видео на Инстаграм во септември годинава објави дека е бремена по вторпат.
Прочитајте и Разголен стомак, комбинезон од тантела како Ким Кардашијан – трудничките комбинации на Кајли Џенер (фото)
Б. С. Б. | Црнобело