Разголен стомак, комбинезон од тантела како Ким Кардашијан – трудничките комбинации на Кајли Џенер (фото)
- Детали
- сабота, 11 септември 2021
По тесниот бел фустан, Кајли Џенер ни покажа уште две труднички и малку необични комбинации. На Модната недела во Њујорк, младата мајка се појави со кратка маичка што ѝ го откриваше стомакот, а потоа и со комбинезон од тантела – ист како оној што го носеше сестра ѝ Ким додека беше бремена.
Пред да потврди дека е бремена, Кајли Џенер воопшто не се појавуваше во јавност, но сега кога нема што да крие, младата богаташка присуствува на многу настани во склоп на Модната недела во Њујорк.
Само неколку денови откако ги потврди гласините дека со Тревис Скот го очекуваат второто дете, Кајли Џенер беше фотографирана со необичен стајлинг.
24-годишната ријалити ѕвезда носеше кратка маичка која целосно ѝ го откриваше трудничкиот стомак, во комбинација со темни фармерки и долг портокалов мантил.
Кајли присуствуваше на настан во склоп на Модната недела во Њујорк, а за сличен повод се појави во уште една необична комбинација, овојпат инспирирана од сестра ѝ Ким.
Кајли носеше комбинезон од тантела кој значително го истакнуваше нејзиното стомаче, речиси идентичен на оној што го носеше Ким додека беше бремена со синот Сент.
Комбинацијата ја дополнила со црно широко сако и црни чевли, како и марама од чипка заврзана околу половината.
Изгледа сега Кајли ја користи секоја пригода за гордо да го покаже стомачето, откако сподели емотивно видео на Инстаграм со кое ја соопшти бременоста.
Претходно Кајли се појави со уште една трудничка комбинација, со тесен бел фустан и долг бел мантил.
Прочитајте повеќе: Дава минимална плата, сите си даваат отказ – што откриваат поранешните вработени на Кајли Џенер за неа?
Спирова С. | Црнобело