Кајли Џенер е бремена – Го покажа трудничкиот стомак и потврди дека ќе стане мајка по вторпат
- Детали
- среда, 08 септември 2021
Гласините дека Кајли Џенер е бремена се точни. Со видео на Инстаграм таа потврди дека заедно со раперот Тревис Скот го очекуваат второто дете.
Во видеото што Кајли (24) го објави на Инстаграм таа за првпат го покажа трудничкиот стомак и ги потврди гласините дека таа и Тревис Скот ќе станат родители по вторпат.
Во краткото видео се гледа дека и нивната 3-годишна ќерка Сторми е пресреќна што ќе стане голема сестра, па го бакнува стомакот на мама.
За наводната бременост на Кајли се шпекулираше доста во изминатиот период, откако таа и Тревис одлучија да си дадат втора шанса во врската, по разделбата во 2019-тата година.
Тие во јануари 2019-тата година потврдија дека се разделиле и дека одмараат некое време од врската, затоа што биле под постојан притисок со работните обврски и ангажмани.
Прочитајте и Роденденски прослави, романтични вечери – Дали Кајли Џенер и Тревис Скот се повторно заедно?
Првите гласини дека тие се повторно заедно следеа само неколку месеци подоцна, односно во мај 2020-тата година, а годинава во јуни тие за првпат се појавија заедно во јавноста, кога заедно со ќерката Сторми прошетаа на црвениот тепих по повод добротворна вечер.
Погледнете го видеото во продолжение:
https://www.instagram.com/tv/CTieyGYpYdi/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело