Роденденски прослави, романтични вечери – Дали Кајли Џенер и Тревис Скот се повторно заедно?
- Детали
- среда, 19 мај 2021
Гласините дека Кајли Џенер и Тревис Скот се повторно заедно не стивнуваат, а младите родители даваат многу причини за тоа. По заедничката прослава на роденденот на Тревис и неколкуте излегувања, Кајли и Тревис заедно поминаа цел ден во Дизниленд со ќерката и внуката.
Неделава, Кајли Џенер и Тревис Скот поминаа цел ден во Дизниленд со нивната ќерка Сторми и Дрим - внуката на Кајли, односно ќерката на нејзиниот брат Роб Кардашијан.
Кајли носеше бела кроп топ маичка и шарени панталони, а се чини дека Тревис се обидувал да се скрие од папараците. 29-годишниот рапер речиси постојано носеше бандана која му го покрива целото лице.
На Инстаграм Стори Кајли сподели слатка семејна фотка од неа, Тревис и Сторми како се возат на една од атракциите во забавниот парк. Токму ова ги убеди фановите дека тие дефинитивно ѝ дале нова шанса на нивната врска.
Тревис и Кајли се разделија во 2019-та, а поради нивната ќерка останаа во добри односи. Сепак, во последно време парот е сè почесто забележуван заедно.
На пример, неодамна Кајли замина во Мајами за да го прослави 29-иот роденден на Тревис. Тие поминаа цел викенд заедно и одвреме-навреме споделуваа заеднички фотки на Инстаграм Стори.
На крајот од викендот си заминаа во Лос Анџелес со ист авион.
Пред само неколку недели, извор близок до парот откри дека тие биле на вечера со уште неколку пријатели.
„Беа многу блиски и постојано разговараа. Цела вечер флертува и изгледаа среќно“, тврди изворот.
Кајли дури и се пофали дека била на концерт на Тревис, споделувајќи фотка на Инстаграм Стори.
„Дефинитивно изгледа како да се заедно, само не сакаат да привлекуваат многу внимание за тоа“, тврди друг извор.
Според првиот извор, Кајли и Тревис уште живеат одвоено:
„Дури и откако се разделија, поминуваат многу време заедно. Тие се одлични родители и сакаат да се дружат. Забавно им е со Сторми, но сепак живеат одвоено. И двајцата немале сериозна врска откако се разделија. Постои голема можност да ѝ дадат уште една шанса на врската“.
На Денот на мајката, пак, Тревис сподели две фотографии од Кајли и Сторми, со кои ѝ го честита празникот на младата мајка. Тој период, друг извор сподели дека сепак се заедно.
„Кајли и Тревис се забавуваат кога се заедно. Меѓу нив отсекогаш имало силни чувства и сега повторно ја истражуваат нивната романтична врска“.
Младите родители ја почнаа врската во 2017 година. Заедно позираа за неколку насловни страници, а си направија и заеднички тетоважи. Следната година тие ја добија ќерката Сторми, а неколку месеци подоцна, Тревис изјави дека планира и да ја запроси Кајли. Сепак, во 2019-та тие се разделија, но останаа блиски поради Сторми.
Сè досега беше јасно дека не се заедно, но во последно време се чини дека сепак сакаат да ја обноват нивната поранешна врска.
Спирова С. | Црнобело