Дава минимална плата, сите си даваат отказ – што откриваат поранешните вработени на Кајли Џенер за неа?
- Детали
- недела, 22 август 2021
Иако е милијардерка, Кајли дава минимална плата, а од вработените очекува да работат прекувремено. Веројатно поради ова, нејзините вработени постојано се менуваат бидејќи скоро сите си даваат откази.
Брендот на Кајли Џенер е еден од најуспешните во индустријата за убавина, а покрај тамошните вработени, таа има и други луѓе кои работат за неа, како асистенти, хигиеничари, телохранители…
А, оние кои го напуштиле работното место кај Кајли изгледа имаат само лоши зборови за неа.
Што велат поранешните вработени на Кајли Џенер за неа?
Немаат заштитна опрема во фабриката за шминки
Многу поранешни вработени во фабриката на Кајли се имаат пожалено дека немаат добра заштитна опрема. Имено, Кајли им давала само мантили, ракавици и мрежа за коса кои не биле доволна заштита од многуте хемикалии што ги користат.
Менаџерите биле ужасни
Наводно, менаџерите што ги најмува Кајли биле ужасни. Според поранешните вработени во фабриката, тие биле неучтиви и редовно ги прекршувале работничките права на работниците.
Шминката ја тестира на куќните помошнички
Иако куќните помошнички на Кајли немаат никаква врска со нејзиниот бренд за убавина, таа си ја тестира шминката на нив. Всушност, еднаш и Кајли објави фотка на Снепчет од нејзин продукт, нанесен на раката на една од помошничките.
Кајли дава ниска плата, но бара долги работни часови
Иако е практично милијардерка, изгледа на Кајли не ѝ се даваат пари за вработените. Наводно, скоро сите вработени земаат минимална плата, а младата богаташка очекувала постојано да работат и прекувремено.
Отказите се честа појава
Без разлика дали станува збор за вработените во фабриката или во нејзиниот дом, изгледа Кајли често се соочува со откази. Оние кои си заминале од кај неа велат дека воопшто не вреди да се работи за неа поради лошите услови и ниската плата.
Но, сите сметаат дека Крис Џенер е „пострашна“
Поранешната лична асистентка на Кајли претходно работела за мајка ѝ Крис, а вели дека Крис е многу „пострашна“ од Кајли. Иако не открива на што точно мисли, кога би требало да избира меѓу двете, таа секојпат би ја одбрала Кајли за шеф.
Нејзините стилисти се воодушевени од неа
Изгледа Кајли сепак може да се однесува добро, но само со одредени личности. Нејзините поранешни мејкап артисти и фризери велат дека соработката со Кајли е благослов, но и дека им отвора многу можности за во иднина.
Спирова С. | Црнобело