Прво појавување во јавност – Кајли Џенер со тесен бел фустан гордо го покажа трудничкото стомаче (фото)
- Детали
- четврток, 09 септември 2021
Кајли Џенер (24) конечно ги потврди гласините и сподели дека со Тревис Скот (30) го очекуваат второто дете, а сега, првпат откако си соопшти убавите вести, се појави и во јавност, гордо покажувајќи го трудничкото стомаче.
Првпат откако потврди дека е бремена со второто дете, Кајли Џенер се појави во јавност и гордо го покажа трудничкото стомаче.
24-годишната ријалити ѕвезда беше забележана во Њујорк со тесен бел фустан и бел мантил, а на фотките се забележува и нејзиното трудничко стомаче. Кајли ја дополнила комбинацијата со бела чанта и проѕирни високи потпетици, а на фотките не престанува да се насмевнува.
Кајли сподели и неколку фотки со истата модна комбинација.
По гласините кои траеја скоро цел месец, Кајли конечно потврди дека е бремена и дека го очекува второто дете со Тревис Скот.
Таа сподели емотивно видео на Инстаграм на кое прво го покажува позитивниот тест за бременост, како и посетата на гинеколог.
Иако Кајли и Тревис негираа дека ѝ далe уште една шанса на врската, по сè изгледа парот повторно е заедно. На видеото на Кајли се појавува и Тревис кој изгледа пресреќно и во еден миг ѝ го бакнува стомакот на саканата.
Тревис и Кајли ја почнаа врската во 2017 година, а јa добија првата ќерка Сторми во 2018-та. Тие неколкупати раскинува и се смируваа, а в 2019-та потврдија дека дефинитивно повеќе не се заедно.
Оттогаш имаше бројни шпекулации дека можеби повторно се смириле, но тие упорно ги негираа.
Кајли Џенер успешно ја скри првата бременост од јавноста, а можеби и овојпат го планирала истото. Сè до неделава, младата богаташка се немаше појавено во јавност уште од средината на јуни, кога присуствуваше на добротворен настан заедно со Сторми и Тревис Скот.
Прочитајте и Дава минимална плата, сите си даваат отказ – што откриваат поранешните вработени на Кајли Џенер за неа?
Спирова С. | Црнобело