Гласини дека Кајли Џенер си ги потрошила парите: „Очајно пробува да ја продаде куќата, рекламира лоши игри за смартфон“
- Детали
- среда, 13 март 2024
По лошата реклама за игра за смартфон што не е својствена за некој кој соработува со врвни брендови, Кајли драстично ја намали цената на куќата што пробува да ја продаде. Па, се шпекулира дека има финансиски проблеми.
Богатството на Кајли Џенер претставува енигма уште откако Forbes ја стави на листата на млади милијардери во 2020 година, за подоцна да го тргне нејзиното име.
Тогаш се дозна дека Кајли, иако наводно има богатство од над 900 милиони долари, сепак не го носи статусот милијардер.
За младата богаташка е добропознат факт дека живее раскошно и има неколку извори на приход, а изминативе година две, редовно инвестираше во недвижнини.
Сепак, сега дел од јавноста шпекулира дека финансиската состојба на Кајли е далеку од завидна.
Кон крајот на февруари годинава, жена која прави уникатни торти откри дека била најмена од Кајли за некој настан.
Таа вели дека не добила никаков депозит и била подготвена самата да ги плати трошоците за патувањето до Лос Анџелес каде што се одржувал настанот на Кајли.
Но, на крај добила мејл во кој било истакнато дека буџетот на Кајли е премал за нејзините услуги.
Во објава на Инстаграм Стори, жената открива дека нејзините најскапи торти се околу 700 долари, што за некој со богатство како Кајли, веројатно не е никаков проблем.
По ова, жената вели дека била контактирана од тимот на Кајли со молба да ја тргне објавата. Но, таа не потпишала никаков договор за дискретност, па одлучила да не ги послуша.
Приказната на жената разгоре дискусија на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста смета дека Кајли е во многу полоша финансиска состојба отколку што тврди.
Кон крајот на декември 2023-та, Кајли објави видео на Инстаграм Стори во кое зборува за некоја апликација, односно игра за смартфон.
Дури на крајот на видеото станува јасно дека таа ја рекламира играта.
Секако, нема ништо чудно во тоа некој да рекламира игри на Инстаграм, но Кајли е личност која соработува со врвни брендови.
Па, по рекламата на Кајли се појавија низа коментари:
„Милијардерка промовира игри за смартфон“.
„Изгледа заработката ѝ се намалува“.
„Нема шанси Кајли да има многу пари штом промовира вакви глупости“.
„Ми изгледа како да е засрамена“.
„Ништо од ова не покажува дека Кајли е милијардерка. Изгледа тажно и очајно“.
Сега, пак, гласините за тоа дека Кајли нема пари дополнително се разгореа, откако било забележано дека таа ја намалила цената на еден од имотите што ги продава.
Девојка на ТикТок објави видео кое стана вирално, а во кое зборува за богатството на Кајли.
„Не велам дека Кајли има сериозни финансиски проблеми или нешто слично.
Но, мислам дека троши повеќе отколку што може да си дозволи и затоа има нов бизнис на секои два до пет дена“.
Девојката вели дека Кајли има недвижнини во вредност од 80 милиони долари и истакнува дека самото одржување на овие имоти чини цело богатство.
„Таа треба да плаќа за градинари. Плаќа за системи за обезбедување за сите три куќи.
Има и свој приватен авион од 73 милиони. И, овде не се вклучени трошоците за екипажот на авионот или местото каде што го чува.
Потребни ѝ се пари за да си го дозволи нејзиниот животен стил, бидејќи троши повеќе отколку што може“.
Кајли е најпозната по нејзиниот бренд за козметика, но низ годините има направено уште куп мали брендови, вклучувајќи за облека, парфеми и алкохолни пијалаци.
Моментално Кајли пробува да ја продаде куќата што ја купи во 2018 година со бившиот партнер Тревис Скот, но безуспешно.
Најпрво куќата ја продаваше по цена од 22 милиони, па ја намали на 20 милиони.
На крај, Кајли ја спушти цената на нешто помалку од 18 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело