„Ова ми е трет брак!“ – Ким Кардашијан низ солзи открива дека се чувствува како губитник заради разводот со Канје
- Детали
- петок, 04 јуни 2021
Кога ги гледаме објавите на социјалните мрежи, Ким Кардашијан изгледа насмеана и среќна, како воопшто да не ја погодува разводот со Канје. Деновиве таа прослави за нејзините 250 милиони следбеници на Инстаграм, повторно со разголени фотографии на кои го покажа совршеното тело, но по сè изгледа дека не ѝ е сеедно за разводот со Канје.
Во најновата епизода на реалното шоу Keeping up with the Kardashians се прикажани снимки од моментот кога Ким сфаќа дека бракот со Канје навистина е готов.
Во последната епизода на шоуто, во која семејството оди на патување на езерото Тахо, 40-годишната ријалити ѕвезда плаче, откако претходно имала расправија со Канје.
„Мислам дека тој заслужува некојa што ќе го поддржува секој негов чекор и ќе го следи насекаде и ќе се пресели во Вајоминг, јас не можам да го направам тоа. Тој треба да има жена што ќе го поддржува секој негов чекор и ќе патува со него, а јас не можам. Се чувствувам како губитник. Ова ми е трет брак. Се чувствувам како губитник“ – вели таа.
Од друга страна пак, членовите на семејството говорат за тоа како Ким се справува со проблемите и разводот со Канје.
„Ким во приватноста и зад камерите е вознемирена поради нејзината врска. Тешко е затоа што јасно е дека Ким пренасочува голем дел од нејзините фрустрации, тага и гнев и, знаете, понекогаш само се 'истураме' врз нешто што нема никаква врска со тоа низ коешто поминуваме“ - вели сестра ѝ Клое.
Ким и Канје најавија дека ќе се разведуваат во ноември минатата година, откако претходно беа седум години во брак.
Тие заедно имаат 4 деца: Норт (7), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (2). Таа претходно беше во брак со НБА кошаркарот Крис Хемфрис (72 дена во 2011) и композиторот Дејмон Томас (2000 – 2004).
По официјалното објавување дека ќе се разведе по третпат, Ким имаше повеќе моменти за прослава.
Таа официјално стана милијардерка според Форбс, деновиве стигна до 250 милиони следбеници на Инстаграм, а објави и дека го позајмила гласот за еден од ликовите во новиот анимиран филм Paw Patrol.
Дополнително, членовите на нејзиното семејство велат дека се фокусира на студиите по право.
Сепак, судејќи според она што имамве можност да го видиме на реалното шоу, нештата не се толку совршени, па и богатата ријалити ѕвезда се соочува со истите стравови и проблеми како и сите други обични луѓе.
Погледнете го видеото од последната епизода:
Фотографии што таа ги објави на Инстаграм по разводот со Канје:
https://www.instagram.com/p/CPlzumeA21E/
https://www.instagram.com/p/CPTUbtLAyWQ/
https://www.instagram.com/p/CPL4hseAmia/
Б. С. Б. | Црнобело