Бредли Купер и ќеркичката на плажа со Џенифер Гарнер – дали Шајк го одобрува ова блиско пријателство? (фото)
- Детали
- петок, 07 август 2020
Веднаш по веста дека Џенифер Гарнер ја раскинала 2-годишната врска, таа е забележана во близок однос со Купер и неговата ќеркичка Леа на плажа, но дали мама Шајк го одобрува ова дружење?
Бредли Купер одамна не сме го виделе во женско присуство по драмата со Лејди Гага, посебно не кога е заедно со ќеркичката Леа, која ја имаат со Ирина Шајк.
По разделбата со Шајк, парот се договори да го дели старателството над малечката Леа, па често ги гледаме на одвоени прошетки со неа.
Овојпат Бредли предизвика бура реакции, откако беше уловен како ужива на плажа додека колешката Џенифер Гарнер и малата Леа си играат во песокот.
Актерите се дружат откако заедно се најдоа на филмското платно од 2001 до 2006 додека глумеа во ТВ серијата Alias, а оттогаш одржуваат пријателски односи.
Сепак, тоа не ги спречува шпекулациите дека можеби помеѓу нив двајца има нешто повеќе, сега кога двајцата се сингл:
М. М. | Црнобело