Бен Афлек заедно со бившата и сегашната сопруга – Џенифер Гарнер се држи на дистанца од Џеј Ло
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2024
Џенифер Гарнер бега што е можно подалеку од Џеј Ло - Ова може да се забележи од фотките на кои Бен Афлек беше излезен со поранешната и сегашната сопруга, и децата.
Бен Афлек беше фотографиран заедно со сегашната сопруга Џенифер Лопез и поранешната сопруга Џенифер Гарнер во Лос Анџелес. Проширеното семејство, заедно со децата, присуствуваше на приредба, но на папараците во очи им падна односот на двете сопруги на Бен.
На фотките се чини дека поранешната сопруга на актерот, Џенифер Гарнер, со сите сили се трудеше да одржи дистанца од Џеј Ло, па се гледа како „трча“ напред со синот Семјуел (11) и ќерката Серафина (15).
Во заднина, Бен Афлек беше заедно со Џеј Ло и нејзината ќерка Еме (15) од бракот со пејачот Марк Ентони.
Забележително, заедно со нив не беа најстарата ќерка на Бен и Џенифер Гарнер, Вајолет (18) и синот на Џеј Ло, Макс (15).
Познато е дека Џенифер Гарнер и Џенифер Лопез имаат комплицирано минато. За потсетување, Бен прво беше во врска со Џеј Ло, а набрзо по раскинувањето тој се ожени со Џенифер Гарнер.
По ова Џеј Ло, се омажи за Марк Ентони.
Но, откако и Бен и Џеј Ло се разведоа со своите партнери, тие двајца во 2021-ва година одлучија повторно да започнат романтична врска и стапија во брак во 2022-ра година.