Кралицата Елизабета (94) и принцот Филип (99) на одмор по долго криење - персоналот бил 2 недели во самоизолација
- Детали
- среда, 05 август 2020
Кралицата Елизабета (94) и принцот Филип(99) се криеја од корона вирусот и беа во изолација од март - сега заминаа на одмор во Шкотска, а персоналот морал да се самоизолира две недели претходно.
Кралскиот пар е забележан како пристигнува во Шкотска со приватен авион, а потоа возачот со автомобил ги води до замокот Балморал, кој им служи како летна резиденција.
Иако се наближуваат до 100-тата година од животот, двајцата се држат одлично, а токму за да се заштитат од корона вирусот, не го напуштија замокот во Видзор од март.
Според изворите, персоналот во замокот пристигнал порано за да се подготви за кралскиот пар, но сите претходно биле 2 недели во самоизолација за да го намалат ризикот од изложеност на корона вирус на кралицата и принцот.
М. М. | Црнобело