Џиџи Хадид во провокативно, топлес издание пред да остане бремена (фото)
- Детали
- вторник, 04 август 2020
25-годишната Џиџи Хадид го очекува нејзиното прво дете, за кое се верува дека ќе се роди околу септември, но ги „заскокотка“ фановите со стари топлес фотки од провокативна фотосесија пред бременоста.
Џиџи размислува за работата дури и во текот на бременоста, па во понеделникот сподели неколку провокативни фотографии од нејзината фотосесија за Chanel.
Џиџи позираше топлес за магазинот Chaos SixtyNine, чие следно издание ќе биде посветено на модниот бренд Chanel. Можеби ќе се изненадите што на фотографиите не се познава нејзиното стомаче, но според описот на Instagram, фотографиите се направени во декември минатата година, во Париз.
Џиџи и 27-годишниот Зејн го очекуваат нивното прво дете, а според изворите, парот е поблизок од кога било.
„Моментално Џиџи е на фармата на нејзината мајка со Зејн. Неодамна дојде во Њујорк, но реши да го помине поголемиот дел од бременоста на фармата“, сподели извор близок до моделот.
https://www.instagram.com/p/CDVAAOCHjhF/
Таа ги сподели новостите за нејзината бременост во април, а има изјавено дека се надева дека ќе биде исто добар родител како и нејзината мајка, Јоланда Хадид.
Младиот модел не споделува многу новости во врска со бременоста, бидејќи смета дека тоа е нешто што треба да го сподели само со пријателите и семејството.
Истовремено, Џиџи изјави дека периодов во светот се случуваат многу поважни нешта, како пандемијата и протестите во САД, па верува дека најдобро е да го искористи нејзиното влијание на социјалните медиуми за тоа, а не за нејзината бременост.
Провокативната фотосесија на Џиџи:
Спирова С. | Црнобело