„Стриите на стомак ме прават суперхерој“ – Плус-сајз модел храбро позира гола додека дои (фото)
- Детали
- вторник, 04 август 2020
Ешли секогаш гордо ги покажува несовршеностите на нејзиното тело, а како тазе мајка не се срами да го покаже целосно голото тело додека го дои своето дете.
Ешли Греам е плус-сајт модел кој никогаш не се срами од своето тело и секогаш гордо позира пред камера.
Летово за неа е прво како мајка и неодамна ги покажа стриите на стомакот и целулитот, а сега, за интервјуто за Elle, позираше гола додека го дои детето.
„Кога си ги гледам новите стрии и промени на моето тело низ кои сум поминала, се потсетувам дека, како жени, сите сме суперхерои. Нашите тела се создадени за ова. Прекрасно е да можеш да родиш, но не го сфаќав тоа додека не го доживеав.“ – вели во интервјуто Ешли.
Нејзината цел отсекогаш била жените да научат да си го сакаат телото независно какво е и колку несовршености има. Мора да се навикнеме на промените.
„Кога забременив, многу брзо накачував килограми. Потоа ми се појавија стрии на стомакот и не ми се веруваше дека тоа се случи. Прво бев разочарана, а кога го запознав син ми си реков – Ова е тоа за што сите жени зборувале со години.“
Уште фотки од Ешли:
М. М. | Црнобело