Бруклин Бекам клекнал на едно колено пред таткото милијадер на саканата + нови детали за свадбата
- Детали
- среда, 29 јули 2020
На новите фотографии од запросувањето се гледа романтичната страна на Бруклин, а главни гости на свадбата се смета дека ќе бидат Хари и Меган Маркл.
Бруклин Бекам сподели некои невидени фотографии од моментот кога ја запросил својата сакана Никола Пелц, пред нејзиното семејство.
21-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам клекнал на едно колено за да ја праша 25-годишната актерка да биде негова сопруга, со скап дијамантски прстен по 9 месеци романса.
Бруклин ова го направил пред таткото на Никола, милијардерот Нелсон Пелц (78).
Вљубениот Бекам не штеди на романтични зборови за својата избраничка и вели дека не би можел да си го замисли животот без неа и дека таа е таа што го смее и прави тој да се чувствува специјален.
Инаку, излегоа и нови детали околу организацијата на нивната свадба, а се смета дека Хари и Меган Маркл ќе бидат топ гости на нивната листа на поканети.
Викторија и Дејвид Бекам се добри пријатели со нив, а беа и гости на нивната кралска свадба во 2018 година.
Извор близок до Бекамови вели: „Свадбата на Бруклин ќе биде една од свадбите со најмногу присутни ѕвезди благодарение на познанствата на неговите родители. Тие едвај чекаат да закажат датум за да почнат да испраќаат покани. “
Прочитајте и Прстен од 176.000 евра, дедото ќе ја плаќа свадбата: Детали од свршувачката на Бруклин Бекам
С. С. | Црнобело