„Гордеј се – успешна си и се омажи за капитен на Англија“ - Дејвид Бекам емотивен за 50-тиот роденден на Викторија
- Детали
- среда, 17 април 2024
„Но, твојот најголем успех се твоите деца, ти ги водиш, ги сакаш и ги учиш… Не можат со зборови да опишат колку те сакаат, сите те сакаме. 50 и во форма“ – Дејвид Бекам со емотивно видео и шеговит опис ѝ честиташе на саканата Викторија 50-ти роденден.
Викторија Бекам денес (17.04) полни 50 години, а по повод роденденот доби голем број честитки, но секако, меѓу првите беше нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.
Тој објави кратко видео во кое се опфатени повеќе фотографии и снимки од Викторија и нивното семејство низ годините, па ѝ упати емотивна порака во описот.
„Среќен роденден на мојата убава сопруга… Додека го славиш овој роденден треба да погледнеш наназад и да бидеш горда со тоа што си го постигнала, достигнала и со тоа што си го изградила.
Пош Спајс, бизнис жена и секако се омажи за капитенот на англиската (фудбалска) репрезентација.
Но, твојот најголем успех се твоите деца, ти ги водиш, ги сакаш и ги учиш… Не можат со зборови да опишат колку те сакаат, сите те сакаме. Имај прекрасен ден, затоа што заслужуваш. 50 и во форма. Искрен сум“ – се пошегува за крај Дејвид.
Претходно, Викторија, по повод важниот ден, на својот Инстаграм профил објави фотка на која позира во панталони и градник, а во описот рече дека се чувствува како благословена и успешна жена.
„Верувам дека можеш да бидеш многу работи. Поп ѕвезда, мајка, сопруга, дизајнерка…
Мојата страст секогаш била да сонувам големи соништа, па потоа уште поголеми! Ако прво сам веруваш во себе – сите други ќе ти веруваат.
И ако си многу среќен, ќе најдеш некој што верува повеќе во тебе, отколку што сам си веруваш.
Дејвид Бекам, секогаш ќе ти бидам благодарна за безусловната љубов и поддршка и за нашите прекрасни деца“ – му порача Викторија на сопругот.
Таа се заблагодари на децата, на останатите членови на семејството и на нејзиниот тим.
Б. С. Б. | Црнобело