Викторија Бекам на крстарење со новата снаа: „Загрижена е бидејќи е 9 години постара од син ѝ Круз“

„Викторија е среќна за врската на Круз, но малку е загрижена бидејќи е скоро 10 години постара од него. Тој уште е тинејџер, а таа е возрасна жена во друга фаза од животот“, вели извор за новата девојка на најмладиот син на Бекамови.

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-01.jpg

Изгледа дека врската на најмладиот син на Бекамови – Круз – и неговата нова девојка Џеки Апостел станува сериозна, и покрај возрасната разлика меѓу нив.

19-годишниот Круз ја поканил Џеки на крстарење со мајка му Викторија.

Неодамна, Џеки го прослави 29-тиот роденден и е речиси цела деценија постара од Круз.

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja10.jpg

На папарацо фотките направени во среда (23.10) се гледа Викторија Бекам, заедно со снаата и најмладиот син на пристаниште во Мајами.

За пригодата, Круз и неговата сакана се во лежерно издание - тој носи портокалов блузон, додека Џеки е во бели шорцеви и бејзбол капче.

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-08.jpg

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-07.jpg

Минатиот викенд, пак, Круз и Џеки гледаа натпревар на фудбалскиот клуб на Дејвид Бекам.

И овој пат тие биле во друштво Викторија, како и Харпер – сестрата на Круз, иако не се гледаат на папарацо фотките.

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-03.jpg

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-12.jpg

Засега никој од Бекамови се нема огласено за новата врска на Круз, но се чини дека Викторија е во добар однос со снаата.

Џеки веќе ја споредуваат со Викторија, а наводно, дизајнерката ѝ била омилена модна икона.

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-05.jpg

Сепак, извор близок до Викторија тврди дека иако таа е среќна за син ѝ, не ѝ е сеедно за возрасната разлика.

„Викторија е среќна што син ѝ е среќен во новата врска, но малку е загрижена за возрасната разлика и не знае дали тој е подготвен за нешто сериозно.

Навистина ѝ се допаѓа Џеки, а изгледа дека и Џеки добро се согласува со целото семејство. Но, Викторија малку е загрижена што Џеки е речиси 10 години постара од Круз.

Тој уште е тинејџер, додека Џеки е возрасна жена која е во друга фаза од животот и можеби сака работи за кои Круз не е подготвен“.

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-11.jpg

И покрај наводните грижи на Викторија, Круз изгледа посветен на новата девојка.

А, за нејзиниот 29-ти роденден, тој напиша коментар во кој вели дека ја сака.

Погледнете и: Најмладиот син на Бекамови со 9 години постара девојка, откако ја изневери бившата – Ја споредуваат со мајка му Викторија

viktorija-bekam-na-krstarenje-so-novata-snaa-zagrizhena-e-shto-e-10-godini-postara-od-sin-kruz-no-se-dopagja-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg