Криси Тајген им „врати“ на критичарите со докази – ги покажа лузните на градите по операцијата
- Детали
- понеделник, 20 јули 2020
Откако ги извади имплантите од градите, деколтето на Криси повторно изгледа бујно, но за оние кои ја обвинија дека лаже, таа ги покажа лузните кои се доказ за сите кои не веруваат дека навистина ги извадила.
Криси Тајген не дозволува некој да ја обвини за нешто погрешно, па веднаш напаѓа со докази.
Неодамна таа ги извади имплантите од гради, со изговор дека не може повеќе да живее така, сака да спие нормално на стомак и да не се мачи да закопчува фустани.
Сепак, многумина очекуваа дека откако ќе ги извади, деколтето нема да ѝ остане „раскошно“, па фановите не ѝ веруваа дека навистина го направила тоа, бидејќи градите наводно изгледале поголеми од секогаш.
Криси не остана рамндоушна на коментарите од критичари и возврати со доказ – таа покажа фотка пред операцијата, но во видео на Инстаграм Стори ги покажа и лузните на градите по зафатот на кој ѝ биле извадени имплантите.
Како изгледаат сега нејзините гради:
M. M. | Црнобело