Ким Кардашијан стана милијардерка, славеше со Канје + ја доби најлудата честитка од него
- Детали
- вторник, 30 јуни 2020
Канје беше прогласен за милијардер, а сега и Ким Кардашијан стана милијардерка и ја надмина сестра си Кајли Џенер. Каков стајлинг одбраа за славеничкиот ден?
Ким Кардашијан направи договор со кој ќе продаде дел од нејзината козметичка империја на компанијата Coty Inc за 200 милиони долари. Договорот е долгорочен и на Ким ќе ѝ помогне да лансира нови производи и да се прошири низ целиот свет.
Инаку, компанијата Coty Inc го купи и поголемиот дел, односно 51%, од козметичката империја на нејзината сестра Кајли Џенер за 600 милиони долари.
Сега, Ким стана милијардерка и ја надмина сестра си Кајли во богатство.
39-годишната ријалити ѕвезда излезе да прослави со својот сопруг Канје Вест.
Пред некое време и Канје Вест беше официјално прогласен за милијардер со богатство од 1.26 милијарда долари.
Милијардерскиот пар беше фотографиран во Малибу и двајцата беа облечени во тон.
Пред тоа Канје ѝ честиташе на социјалните мрежи со убава порака на чудна фотографија од зеленчук:
„Толку сум горд на мојата убава сопруга Ким Кардашијан Вест што официјално стана милијардерка. Ти мина низ најлудите бури и сега Господ блеска кон тебе и кон нашето семејство. Те сакаме многу.“
https://twitter.com/kanyewest/status/1277766033844121601?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1277766033844121601%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fpeople.com%2Ftv%2Fkanye-west-celebrates-wife-kim-kardashian-officially-becoming-a-billionaire-with-tribute%2F
Ким и Канје на љубовен состанок:
С. С. | Црнобело