44-годишната Сиа посвоила две 18-годишни истрауматизирани момчиња
- Детали
- четврток, 21 мај 2020
Момчињата биле дел од системот и од низа згрижувачки семејства во текот на нивните 18 години, а сега 44-годишната Сиа им дава дом, поддршка и љубов.
Австралиската пејачка Сиа (44) посвоила две момчиња во тинејџерските години. Таа ги изненади фановите кога неделава откри дека посвоила две 18-годишни момчиња минатата година.
„Тие имаат екстремно трауматични животи и јас имав услови да ги посвојам“, изјави таа во едно неодамнешно гостување.
„Овие момчиња живееле во 18 различни домови во нивните 18 години и никогаш немале стабилност. Сакам да им помогнам да се справат со нивната траума и да им ја обезбедам секоја терапија што е потребна за да се справат со нивните проблеми и тешкотиите со кои се соочиле“, вели пејачката.
Сиа вели дека посвојувањето е прекрасна работа и прави да се чувствувате неверојатно.
С. С. | Црнобело