Џанлука Ваки (52) го гали трудничкото стомаче на 25-годишната Фонсека откако се врати во родната Италија
- Детали
- понеделник, 18 мај 2020
„Лудиот“ италијански плејбој сега е скротен и пресреќен поради тоа што ќе се реализира во улогата на татко со својата 27 години помлада девојка.
Италијанскиот милионер Џанлука Ваки со својата девојка Шерон Фонсека со приватен џет стигна во Италија.
Со процес на дезинфекција, маски, визири и мерење на температурата, тие патуваа од Мајами, Флорида, согласно препораките. Тој со својот приватен џет уште еднаш го презентираше луксузниот стил на живот што го води.
Џанлука минува одлични мигови со својата сакана во родната Италија и оттаму повторно објави фотографија на која го гали нејзиното трудничко стомаче.
И Шерон објави фотографија од Италија во пролетно цветно фустанче. Парот очигледно ужива таму.
Прочитајте и Јахти, убави жени, дете на 52: Факти за импресивниот италијански плејбој Џанлука Ваки!
С. С. | Црнобело