Џанлука Ваки покажа дека е татко за пример: „Вака се поставуваат високи стандарди за ќерките“

„Те сакам принцезо татина“ – ѝ порача милионерот и бизнисмен Џанлука Ваки на својата ќеркичка Блу Ерусалема. Заборавете на видеата со танцување, Италијанецот во последно време е одлучен на Инстаграм да покаже како татковците треба да се однесуваат со своите ќерки.

foto-dokazi-deka-djanluka-vaki-na-instagram-pokazha-deka-e-tatko-za-primer-vaka-se-postavuvaat-visoki-standardi-za-kjerkite-01.jpg

Факт е дека за девојчињата односот со таткото е мошне важен од најмали нозе, а италијанскиот бизнисмен и милионер Џанлука Ваки е вистински пример за тоа како таткото треба да се однесува со својата ќерка.

Ако во минатото често објавуваше видеа како танцува со саканата Шерон Фонсека, сега сѐ почесто објавува видеа со ќеркичката Блу Eрусалема (3).

„Конечно ти се појави во мојот живот. Те сакам принцезо татина“;

„Би го прошетал целиот свет вака (со тебе)“;

Ова се некои од описите што тој ги става до видеата на кои се гледа како си игра со ќеркичката.

foto-dokazi-deka-djanluka-vaki-na-instagram-pokazha-deka-e-tatko-za-primer-vaka-se-postavuvaat-visoki-standardi-za-kjerkite-03.jpg

Тие двајца се возат во количка за багаж во хотел, тој ја скокотка додека таа му лежи на рацете во авион, тој внимателно ѝ ја собира косата...

foto-dokazi-deka-djanluka-vaki-na-instagram-pokazha-deka-e-tatko-za-primer-vaka-se-postavuvaat-visoki-standardi-za-kjerkite-04_copy.jpg

Уште една од неговите фотографии што привлече внимание е онаа на која ѝ дава огромен букет на малата Блу, а до неа напиша:

„Поставете им високи стандарди на своите ќерки“.

Јасно е дека Џанлука Ваки е грижлив татко и дека навистина има намера да постави високи стандарди за неговата ќерка. Тој од малечка сака да ја научи дека таа заслужува да ја третираат и да се однесуваат како вистинска принцеза.

Погледнете некои од видеата што Џанлука ги објави со ќерката:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џанлука Ваки гол пушта музика, Шерон Фонсека без грам шминка на јахта на Сардинија – Парот ужива во ... Шерон Фонсека во ретко несредено издание и без грам шминка, се прегрнува со ќерк...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg