Џеј Ло не трпи и во време на корона – „уловена“ во теретана која работи само за неа (фото)
- Детали
- четврток, 02 април 2020
Познатите имаат многу привилегии, а Џеј Ло само што го докажа тоа.
Иако во Мајами речиси сè е затворено поради корона вирусот, Џеј Ло и Алекс Родригез неделава беа забележани како излегуваат од теретана која е затворена за други посетители.
50-годишната пејачка и нејзиниот 44-годишен сопруг излегуваа од задната врата нa теретаната, што значи добиле посебен третман.
На вратата од теретаната, која парот редовно ја посетуваше пред карантинот, стои натпис „Теретаната е затворена останете дома безбедни“.
Пејачката носеше спортски градник и хеланки со дезен, а секако највпечатливиот детаљ е нејзиниот препознатлив светкав термос.
Пред излезот, парот беше пречекан од маж со маска, кој ги дезинфицираше вратата од теретаната и вратата од нивниот автомобил.
Џеј Ло и Алекс заедно ја поминуваат социјалната изолација во Мајами, со нивните деца.
Спирова С. | Црнобело