Бен Афлек со нов имиџ и офарбана брада, Џеј Ло прави пауза од мажи: „Смачено ѝ е од разводи“

Додека Бен Афлек се подмладува со офарбана брада, Џеј Ло одлучила да направи пауза од мажи, бидејќи по четвртиот развод, ѝ било „преку глава“ од драми.

ben-aflek-so-nov-imidzh-i-ofarbana-brada-dzhej-lo-kje-pravi-pauza-od-mazhi-smacheno-e-od-razvodi-01.jpg

Пред разводот, на скоро сите заеднички фотки со Џеј Ло, Бен Афлек изгледаше тажно и мизерно.

Откако се разделија, актерот изгледа како нов човек и успева да им се насмевне дури и на папараците за кои е познато дека не ги сака.

Сега, пак, актерот одлучил и да се подмлади.

Во четвртокот (03.10) Бен Афлек го покажа новиот имиџ.

ben-aflek-so-nov-imidzh-i-ofarbana-brada-dzhej-lo-kje-pravi-pauza-od-mazhi-smacheno-e-od-razvodi-6.JPG

На папарацо фотките, наместо лежерните аутифити што ги носи кога нема обврски, актерот е со кошула, панталони и чевли.

Покрај тоа, 52-годишниот актер ја офарбал и брадата.

ben-aflek-so-nov-imidzh-i-ofarbana-brada-dzhej-lo-kje-pravi-pauza-od-mazhi-smacheno-e-od-razvodi-07.JPG

Со него беше неговиот 15-годишен син Фин, кој го доби со Џенифер Гарнер.

ben-aflek-so-nov-imidzh-i-ofarbana-brada-dzhej-lo-kje-pravi-pauza-od-mazhi-smacheno-e-od-razvodi-08.JPG

Во меѓувреме, извори откриваат дека на Џеј Ло веќе ѝ било „преку глава“ од разводи.

Па, по четвртиот неуспешен брак, одлучила да направи пауза од мажи.

„Разводот имаше огромно влијание врз неа. Сега пробува да го преболи Бен и да започне ново поглавје“.

ben-aflek-so-nov-imidzh-i-ofarbana-brada-dzhej-lo-kje-pravi-pauza-od-mazhi-smacheno-e-od-razvodi-02.JPG

Изворот додава и дека Џеј Ло се променила многу по разделбата, а оваа промена ја забележувале сите околу неа.

„Одлучи малку да размисли за својот живот. Вели дека по четири разводи, време е да го направи тоа.

Па, подгответе се за нова Џеј Ло – навистина е подготвена за ново поглавје“.

ben-aflek-so-nov-imidzh-i-ofarbana-brada-dzhej-lo-kje-pravi-pauza-od-mazhi-smacheno-e-od-razvodi-05.JPG

Со разводот, на Џеј Ло ѝ се срушиле сите соништа и била многу повредена што вторпат ја изгубила љубовта на нејзиниот живот.

„Сепак, сака скршеното срце и болката да ги претвори во супермоќи.

Сака да преземе контрола и да направи промени во животот. И, кажа дека сака да паузира од мажи барем една година“.

ben-aflek-so-nov-imidzh-i-ofarbana-brada-dzhej-lo-kje-pravi-pauza-od-mazhi-smacheno-e-od-razvodi-04.JPG

Периодов Бен и Џеј Ло неколкупати заедно го посетија нивниот адвокат за разводи и наводно на средбите сè поминало во најдобар ред.

Односно, и двајцата очекувале мирно да го финализираат разводот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg