Познати личности кои имаат милиони, но возат „обични“ автомобили
- Детали
- среда, 01 април 2020
Кога некој спаѓа во категоријата милионер, веднаш претпоставуваме дека има скап автомобил.
Но очигледно, луксузните автомобили не им се приоритет на сите, па голем број милионери возат автомобили исти како многу други „обични“ луѓе.
Секако, тоа не значи дека можеби некои од нив во гаража немаат и по некој луксузен автомобил, но сепак се заљубени и си ги сакаат и овие модели кои ги возат секојдневно.
Во продолжение погледнете кои познати личности одбрале да возат поевтин автомобил:
Камерон Диаз – Toyota Prius
Кога Камерон беше активна на холивудската сцена, таа беше една од најплатените актерки.
Сепак, таа е горд сопственик на еколошкиот модел Toyota Prius.
Џастин Тимберлејк – Volkswagen Jetta
Џастин дефинитивно е еден од најпознатите музичари на денешницата, но и тој нема желба за луксузен автомобил. За пејачот е познато дека вози Volkswagen Jetta.
Том Хенкс – Scion xB
Многу славни денес одбираат еколошки автомобили, а Том Хенкс е еден од нив. Актерот веќе неколку години го вози електричниот автомобил Scion xB.
Џенифер Лоренс – Volkswagen Eos
Оскаровката неколкупати е забележана со нејзиниот Volkswagen Eos.
Џеф Безос – Honda Accord
Џеф е најбогатиот човек на планетата, но и тој одбива да троши милиони за автомобил.
Наместо тоа, тој неколку години го вози моделот Honda Accord. Кога ќе го прашаат за неговиот избор, Џеф само вели дека ова е одличен автомобил.
Бритни Спирс – BMW Mini Cooper
И Бритни не сака скапи автомобили и веќе некое време е горда сопственичка на BMW Mini Cooper.
Лили Ален – Ford Focus
Познатата пејачка има зелен автомобил од марката Ford Focus, кој навистина го сака.