Тајландскиот крал со 20 конкубини се „самоизолираше“ во германски хотел
- Детали
- понеделник, 30 март 2020
Контроверзниот крал на Тајланд, кој 4 пати бил во брак досега, повторно го разбесни и разочара народот во својата земја.
Маха Ваџиралонгкорн е крал на Тајланд од мај 2019 година, но не престанува со своето контроверзно однесување.
Вестите за него постојано го обиколуваат светот, а само дел од скандалите се: четири дена го кремираше кучето, носи контроверзна облека, ги малтретира жените, љубовницата коленичи пред него додека сопругата седи до него...
Сега, тој се „изолираше“ од вирусот изнајмувајќи за себе германски хотел во кој донесе 20 конкубини и го претвори во свој харем.
Тој ги резервирал сите хотелски соби во хотелот Grand Hotel Sonnenbichl во Баварија, откако тоа му било дозволено од локалните власти. Поради специјалната дозвола хотелот не затворил, туку го примил овој контроверзен гостин од Тајланд.
Не е познато дали и некоја од 4-те жени на 67-годишниот Маха престојува со него во Германија.
Народот во Тајланд е бесен поради потегот на нивниот крал и, и покрај тоа што ризикуваат да добијат и до 15 години затвор за навредување на монархијата, тие го критикуваат потегот на Маха.
Прочитајте и Сопругата и љубовницата му клечат пред нозе: Факти за животот на бизарниот крал на Тајланд!
С. С. | Црнобело