Добива тантруми ако врвките на чевлите не му се испеглани - Каприциозните барања на кралот Чарлс

„Тој е крал, може да прави што сака“ – велат твитерџиите за најновите тврдења за тоа како кралот Чарлс се однесува кон вработените. Наводно кралот не сака сам да си истиснува паста за заби, а вработените мора да му измерат точни димензии кога му ја подготвуваат четката пред спиење.

dobiva-tantrumi-ako-vrvkite-na-chevlite-ne-mu-se-ispeglani-kapricioznite-baranja-na-kralot-charls-od-slugite-01.jpg

Многупати досега јавноста имала можност да види дека кралот Чарлс има мошне непристоен однос кон вработените, доволно е само да се сетиме како се изнервира заради пенкалото што не пишуваше кога се обидуваше да се впише во книгата на жалост или кога ги туркаше предметите што не се ставени на масата според неговите барања.

Но, вистината е дека човекот кој застана на чело на британската монархија по смртта на кралицата Елизабета Втора е мошне каприциозен и има свои точно утврдени барања за тоа како неговите слуги треба да му ги извршуваат работите.

dobiva-tantrumi-ako-vrvkite-na-chevlite-ne-mu-se-ispeglani-kapricioznite-baranja-na-kralot-charls-od-slugite-02.jpg

Во новата книга Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Fight for Survival на британскиот новинар Омид Скуби се наведуваат голем број вакви очекувања што тој ги има од своите вработени, а кои за некои луѓе се сосема неразумни и смешни.

dobiva-tantrumi-ako-vrvkite-na-chevlite-ne-mu-se-ispeglani-kapricioznite-baranja-na-kralot-charls-od-slugite-03.jpg

Така, кога британскиот крал ќе побара јајца за појадок, тој очекува тие да бидат меко сварени, односно да се вареле прецизно 4 минути, а во спротивно, гневно ќе ги врати повторно во кујната.

Кралот кога патува со себе носи перфектно испеглани чаршафи изработени од 1.000 конци и има „тантруми“ ако пижамите не му се испеглани.

Иако се знае дека тој на својата сметка има милијарди, кога станува збор за чевлите Чарлс има посебни барања.

dobiva-tantrumi-ako-vrvkite-na-chevlite-ne-mu-se-ispeglani-kapricioznite-baranja-na-kralot-charls-od-slugite-05.jpg

Тој никогаш не ги фрла старите чевли и бара да се однесат кај кралскиот чевлар и да се поправат, а врвките од чевлите бара да му бидат испеглани секое утро.

Уште побизарна навика на кралот е таа што тој очекува слугите секоја вечер да истиснат точно 1,5cm паста на неговата четкичка за заби и таа да го чека подготвена пред легнување.

dobiva-tantrumi-ako-vrvkite-na-chevlite-ne-mu-se-ispeglani-kapricioznite-baranja-na-kralot-charls-od-slugite-11.jpg

А, пастата за заби не се чува во туба, туку во посебен сребрен диспанзер на кој го има грбот на кралското семејство.

dobiva-tantrumi-ako-vrvkite-na-chevlite-ne-mu-se-ispeglani-kapricioznite-baranja-na-kralot-charls-od-slugite-08.jpg

Инаку, ова не е првпат да бидат изнесени бизарните барања на кралот Чарлс. Батлерот на неговата поранешна сопруга, принцезата Дијана, во своите мемоари, нагласи дека водата за бањање на кралот морала да биде млака, кадата да биде полна до половина, а затворачот на кадата да биде свртен во точно утврдена насока.

Се знае дека кралот кога патува со себе носи посебно седиште за тоалети и хартија, а исто така со себе секогаш го носи и своето мече од детството.

dobiva-tantrumi-ako-vrvkite-na-chevlite-ne-mu-se-ispeglani-kapricioznite-baranja-na-kralot-charls-od-slugite-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ѕвезди кои имаа(т) најлоши заби во Холивуд: Пожолтена боја, поткршени делови „Кога гледам луѓе со совршени заби, се нервирам. Подобро би голтнал бубачка, отк...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Кога чевлите на познатите дами се подраматични од фустанот што го носат (фото) На светско ниво, Ким Кардашијан и Лејди Гага се кралици за откачени чевли, а во ...
Држење пијачки, пеглање врвки од чевли: Луди работи за кои славните имаат најмено асистент Поранешна асистентка ја тужеше Лејди Гага бидејќи од неа барала да биде достапна...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg