Како Меган Маркл и принцот Хари му се најдоа на мета на Доналд Трамп?
- Детали
- понеделник, 30 март 2020
Американскиот претседател се огласи на Твитер дека нема да им плаќа обезбедување на Хари и Меган.
Претседателот на САД Доналд Трамп се огласи на Твитер по преселбата на Меган Маркл и принцот Хари од Канада во Лос Анџелес.
Твитот на Трамп гласи:
„Јас сум голем пријател и почитувач на Кралицата и Обединетото Кралство. Беше кажано дека Хари и Меган, кои ја напуштија Велика Британија, ќе живеат во Канада. Но, сега тие ја напуштија Канада за САД, како и да е САД нема да плаќа за нивно обезбедување и заштита. Тие мора да си платат.“
I am a great friend and admirer of the Queen & the United Kingdom. It was reported that Harry and Meghan, who left the Kingdom, would reside permanently in Canada. Now they have left Canada for the U.S. however, the U.S. will not pay for their security protection. They must pay!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) March 29, 2020
Но, портпаролот на Меган и Хари брзо потоа се огласи и кажа дека парот воопшто немал намера да бара од САД такво нешто и дека приватно планираат да си ги покријат трошоците за обезбедување.
Инаку додека живееја во Ванкувер, Канада, полицијата им помагаше со обезбедувањето.
Цената за обезбедување, кое вклучува и 9 виско обучени британски офицери на релација Велика Британија и САД е проценето дека е околу 9 милиони евра годишно.
Доналд е одлучен дека не сака американските граѓани кои плаќаат данок да го носат овој трошок за славниот пар на свој грб.
Портпаролот на парот со сигурност тврди дека парот воопшто немал намера да побара вакво нешто од властите на САД, туку дека тие од свои приватни фондови ќе си го плаќаат обезбедувањето.
С. С. | Црнобело