Северина со трогателна исповед: „Молам да го видам моето 8-годишно дете“
- Детали
- вторник, 17 март 2020
Северина привремено се помири со одлуката на судот нејзиниот син да живее со неговиот татко, а таа да го гледа строго во термини одредени од страна на судот.
Но, дури и тоа е претешка мисија.
За последниот инцидент Северина отворено проговори на Инстаграм:
„Љубов во доба на корона – КОГА СРЦЕТО БОЛИ
Дојдов во Србија, бидејќи таткото на мојот син одлучи овде да ја мине цела седмица, за да го видам синот барем во судски одредените термини, во вторник и четврток од 15 до 20 часот, како и следниот викенд од сабота, кој е мој.
Прифатив, несакајќи дополнителни проблеми, бидејќи постојано трпам закани, подметнувања, местенки кои ги пренесуваат разни таблоиди.
Од саботата чекам и молам да видам 8-годишно дете, кое не си ја видело мајка си цели 5 дена.
Не ми дозволи во саботата, во неделата рече дека е кај своите браќа и ќе ми го даде во понеделникот. Потоа се предомисли и вчера.
И кога конечно дојде денешниов ден, ден кога не плачам, наместо да го прегрнам своето родено дете, таткото прогласи самоизолација на Александар и себе, поради патувањето на таткото во Австрија на 7 и 8 март, за кое воопшто не ме извести. Кога оттогаш во меѓувреме бев два пати со синот, го предупредив за тоа и го потсетив на судската одлука. И дојдов на неговата белградска адреса, но понатаму од влезната врата не можев.
Не му дозволи на моето око ниту да ми мавне со раката од терасата или вратата.“
С. С. | Црнобело