Таа вели дека избегала од дома, но мајка ѝ тврди дека не е најдена: Која е холивудската актерка што исчезна?
- Детали
- четврток, 14 ноември 2024
„35 години требаше да го трпам најлошо насилство од мојата родена мајка. Исто и од мојот очув кој е педофил и криминалец…“, гласи изјава од актерката Шанел Бенкс за која нејзината мајка вели дека е исчезната, додека полицијата потврдува дека е пронајдена.
Вчера, американските медиуми споделија дека полицијата трага по актерката Шанел Маја Бенкс, која имаше помала улога во серијата Gossip Girl.
Според нејзиното семејство, последен пат контактирале со неа на 30-ти октомври, кога таа ѝ напишала порака на нејзина братучетка.
Претходно, на 27-ми октомври, Шанел имала видеоповик со братучетка ѝ и тоа било последен пат кога некој од блиското семејство ја видел.
Шанел живеела со нејзиниот сопруг, со кого е во брак околу една година, а нејзиното семејство го впери прстот во него.
Односно, тој одбивал соработка со полицијата, а на семејството му кажал дека „Шанел не сака да биде најдена“.
Во меѓувреме, била отворена и кампања на GoFundMe за семејството да може да плати приватен детектив.
Семејството на актерката било убедено дека Шанел е исчезната, бидејќи како што велат, кога отишле во нејзиниот дом, внатре биле сите нејзини лични предмети, па и нејзиното куче.
Единствено не можеле да ги најдат нејзиниот лаптоп и телефон.
Во изјави за американските медиуми, мајката на Шанел вели дека кога разговарале со нејзиниот сопруг, тој имал повреда на устата и гребаници на рацете и вратот.
И, ова им бил доволен доказ дека тој ѝ направил нешто.
Но, неколку часа подоцна, полицијата од Лос Анџелес даде официјално соопштение дека ја пронашле Шанел.
„Добра е. Не е во опасност. Во ред е.
Повеќе не се води како исчезната личност и ја затворивме истрагата“, изјави вчера (13.11) портпарол на полицијата.
Но, на ова, нејзиното семејство одговори дека не е точно и дека некој се преправа дека е Шанел.
Наводно, тој некој користел лична карта на Шанел со помината важност и семејството апелираше до јавноста да не престане да ја бара, но и да продолжи да донира пари за приватен детектив.
Сепак, набрзо потоа, американскиот медиум True Crime News објави вест која наводно содржи изјава од Шанел.
„Нашите новинари зборуваа со Шанел преку видеоповик, а таа ни ја покажа нејзината возачка дозвола како доказ за нејзиниот идентитет.
Шанел Бенкс ни даде пишана изјава за нејзината одлука да избега“, пишува во статијата.
Набрзо потоа, истата изјава беше објавена на Инстаграм Стори на профилот на актерката.
А, изјавата е по малку вознемирувачка.