Со експлицитна снимка уценува личност што е пославна од него, силувани 25 деца – Нови детали за случајот на Пи Диди

„Низ Холивуд кружи порно снимка на Пи Диди со друга личност којашто е многу пославна од него. Беше понудена за откуп, очекуваме да протече во јавноста“ – тврди една од адвокатките на жртвите на Пи Диди. Тој е обвинет дека силувал 25 малолетници, меѓу кои и 9-годишно момче.

so-eksplicitna-snimka-ucenuva-lichnost-shto-e-poslavna-od-nego-siluvani-25-deca-novi-detali-za-sluchajot-na-pi-didi-01.jpg

Скандалот со американскиот рапер и продуцент Шон Комбс, попознат како Пи Диди е топ тема во сите светски медиуми.

Додека тој е во затвор, каде што имал посебен третман, властите и адвокатите на жртвите споделуваат нови информации за неговите сексуални оргии.

Во вторникот (01.10) на прес-конференција за медиумите, адвокатот од Тексас, Тони Базби излезе и соопшти дека тој ќе застапува вкупно 120 лица, кои биле силувани за време на оргиите и забавите што Диди ги организирал.

„Неколку од лицата што ги застапувам, направиле тестови и во нивниот организам биле најдени опојни супстанции, за кои веројатно никогаш не сте ни слушнале.

Станува збор за лекот наречен Xylazine, којшто врз основа на нашите истражувања е седатив за коњи“ – изјави адвокатот.

so-eksplicitna-snimka-ucenuva-lichnost-shto-e-poslavna-od-nego-siluvani-25-deca-novi-detali-za-sluchajot-na-pi-didi-02.jpg

Тој ја раскажа приказната за 20-годишна девојка која случајно била поканета на една од забавите на Пи Диди.

„Таа била возбудена, отишла на забавата.

Ѝ понудиле еден пијалак и веќе не се сеќава на ништо понатаму.

На крајот, не се чувствувала добро и отишла во болница, а таму при анализа било откриено дека во нејзиниот организам има кокаин и седатив за коњи“ – појасни адвокатот.

so-eksplicitna-snimka-ucenuva-lichnost-shto-e-poslavna-od-nego-siluvani-25-deca-novi-detali-za-sluchajot-na-pi-didi-03.jpg

Според тврдењето на адвокатот, сексуалните напади започнале уште во 1991-ва година, меѓу лицата што покренале обвинение против Пи Диди се вкупно 25 малолетни деца, меѓу кои и едно 9-годишно момче.

„Лицето коешто имало само 9 години кога било нападнато, било на аудиција заедно со други момчиња во продуцентската куќа на Пи Диди, Bad Boy Records.

Ова лице наводно било нападнато од Шон Комбс и од други лица во студиото, откако и нему и на неговите родители им било ветено дека ќе му помогнат да издаде албум“ – појасни Базби.

so-eksplicitna-snimka-ucenuva-lichnost-shto-e-poslavna-od-nego-siluvani-25-deca-novi-detali-za-sluchajot-na-pi-didi-04.jpg

Тој раскажа и за друг случај, кога една негова клиентка како 15-годишно девојче кога била однесена во Њујорк на забава на Пи Диди и била дрогирана, па однесена во приватна соба каде што ја чекал Пи Диди.

Базби рече дека освен Комбс, во криминалните дејствија биле вклучени и голем број други личности, а дека од некои од нив јавноста ќе остане шокирана.

Прочитајте и „Снимал детска порнографија со него, па ја продавал“ – Зошто твитерџиите тврдат дека и Џастин Бибер бил жртва на Пи Диди?

Адвокатката Ариел Мичел Кид, која застапува друга жртва на Пи Диди, пак јавно откри дека била контактирана за да ѝ понудат да откупи порно видеоснимка со една позната личност.

„Веќе има снимки кои се продаваат низ Холивуд.

Но, оваа личност ми понуди да купам една видеоснимка и да ја контактирам засегнатата личност што е снимена, доколку сака да ја откупи, пред да стигне во јавноста“ – појасни таа.

so-eksplicitna-snimka-ucenuva-lichnost-shto-e-poslavna-od-nego-siluvani-25-deca-novi-detali-za-sluchajot-na-pi-didi-12.jpg

„На видеоснимката бил Шон Комбс и една друга личност што е многу пославна од него.

Можам да потврдам дека тоа видео постои.

Другата личност на видеото се гледа добро и никој нема да се двоуми за кого станува збор, кога ќе го види видеото“ – тврди адвокатката.

so-eksplicitna-snimka-ucenuva-lichnost-shto-e-poslavna-od-nego-siluvani-25-deca-novi-detali-za-sluchajot-na-pi-didi-14.jpg

Според неа, личноста која имала интимни односи со Пи Диди воопшто не знаела дека е снимана и многу е веројатно дека снимката била направена без нејзино знаење.

Засега не се открива која е славната личност која е на снимката, па тоа поттикна низа претпоставки на социјалните мрежи.

so-eksplicitna-snimka-ucenuva-lichnost-shto-e-poslavna-od-nego-siluvani-25-deca-novi-detali-za-sluchajot-na-pi-didi-15.jpg

Додека во јавноста излегуваат нови информации за неговите криминални дејствија, Пи Диди во затворот ужива посебни привилегии.

Според пишувањата во странските медиуми, нему му било дозволено кога сака да оди да се тушира во затворот, за него е обезбедена посебна храна, а го чуваат во обезбеден дел од затворот каде што е заштитен од другите затвореници.

Прочитајте и Зошто славните се уплашени по апсењето на Пи Диди - Ги приморувал да учествуваат во оргии, па ги снимал

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Зошто славните се уплашени по апсењето на Пи Диди - Ги приморувал да учествуваат во оргии, па ги сни... Беше во врска со Џеј Ло, се забавуваше со принцовите Хари и Вилијам, се фотограф...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg