Како никој да не гледа - Љубовта на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил низ 15 спонтани фотки
- Детали
- среда, 05 февруари 2020
Откако Џастин раскина со Бритни, многу фанови се надеваа дека ќе ја обноват врската. Но, откако пејачот почна да се гледа со Џесика Бил, јавноста брзо се вљуби во новиот пар.
Тој период Џастин сè уште беше дел од NSYNC, а Џесика само што се пробиваше со серијата „7th Heaven“.
Парот се венчаше во 2012-та, а имаат и еден син – Силас. Во седумте години брак, нормално дека односот помеѓу нив не бил секогаш одличен.
Всушност, неодамна се појави и скандал со Џастин и неговата колешка Алиша Вејнрајт. Сепак, Џастин се извини и изгледа работите се вратија по старо.
Во продолжение погледнете дел од најдобрите спонтани фотографии на парот кои реално ја прикажуваат нивната љубов:
Мамурлак после Emmy наградите
Оваа слатка фотографија е направена на доделувањето на Emmy наградите во 2018-та. Наводно, досадата на Џесика ѝ поминала брзо бидејќи според фотографијата што ја сподели следниот ден, си поминала одлично на забавата.
Актерката се пофали дека била многу мамурна.
Парот на аеродром
Овде изгледа како парот воопшто да не е свесен за присуството на папараците. Фотографирани се на аеродромот LAX во Лос Анџелес.
Наводно, овој период Џастин одвоил време за сопругата, пред да замине на турнеја во 10 градови.
Заедничко смеење
Оваа фотографија е направена во 2018-та, кога Џастин беше во Лондон за турнејата Man of the Woods.
Парот направил пауза од турнејата, и беа забележани како уживаат во натпревар на Вимблдон.
Мало обединување
Фотографијата е направена во Њујорк и на неа се забележува неизмерната радост на Џесика и Џастин кога го здогледале нивниот син.
Според некои извори, најверојатно станувало збор за „обединување“ на семејството по долг период.
Ден за прошетка
Уште една одлична семејна фотографија. Џесика изгледа навистина среќно додека го „фрла“ син ѝ. Џастин, пак, како да не знае што се случува зад него и само си ја вози количката.
Прошетка на кучињата
Џесика и Џастин отсекогаш се обидувале да водат здрав живот, па често џогираат и одат на прошетка. Неретко, со нив ги земаат и нивните кучиња.