Селена Гомез се фали со новиот дечко, откако бившиот Џастин Бибер откри дека ќе стане татко
- Детали
- петок, 10 мај 2024
Раскинуваа, беа во врска со други, па пак се смирија, но тој ја остави засекогаш за Хејли. Дали Селена Гомез сè уште не ја преболела својата прва љубов? Според фановите на Џастин Бибер, доказ за тоа се нејзините објави набрзо откако пејачот најави дека ќе стане татко.
Многу брзо откако Хејли (27) и Џастин Бибер (30) ги објавија фотките од нивното обновување на брачните завети со кои објавија дека ќе станат родители, и поранешната девојка на Џастин, Селена Гомез сподели фотка на социјалните мрежи.
Таа објави фотка на која го држи за рака нејзиниот нов дечко Бени Бланко, а на раката носи огромен прстен.
Освен тоа, Селена објави уште една групна фотографија на која позира со филмскиот продуцент, со кого е во врска неколку месеци.
Можеби се работи само за коинциденција, но следбениците на Хејли и Џастин не веруваат дека е така.
Според нив, но и според Page Six, Селена сè уште не ја преболела 8-годишната врска со Џастин и не може да ѝ прости на Хејли што ѝ го украде дечкото.
Минатата година на социјалните мрежи имаше вистинска драма за односот на Хејли и Селена, кога сопругата на Џастин беше обвинета дека ја исмева неговата поранешна девојка затоа што нагло се здебелила по дијагнозата со лупус.
Целата драма ескалира кога Селена одлучи накратко да се повлече од социјалните мрежи, затоа што не можеше да го поднесе притисокот и војната што се водеше меѓу нејзините и фановите на Хејли и Џастин.
„Ќе се одморам од социјалните мрежи затоа што ова е по малку смешно, а јас имам 30 години. Премногу сум стара за ова“ – напиша таа.
За потсетување, Селена и Џастин беа во врска со паузи од 2011-та до 2018-та година.
Во периодите кога раскинуваа, Селена се гледаше со други мажи, па така во тие периоди беше во врска со Орландо Блум, Семјуел Крост, Чарли Пут, The Weeknd …
Селена и Џастин ставија официјално крај на врската во 2018-та година кога пејачот одлучи да се ожени со Хејли Бибер.
Таа и Бени Бланко се во врска од декември минатата година и редовно објавуваат фотки на кои не ја кријат својата љубов.
Но, според фановите што не ја преболеле нејзината врска со Џастин, таа наводно прави сè за да го направи љубоморен бившиот дечко.
Б. С. Б. | Црнобело