Како никој да не гледа - Љубовта на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил низ 15 спонтани фотки

Откако Џастин раскина со Бритни, многу фанови се надеваа дека ќе ја обноват врската. Но, откако пејачот почна да се гледа со Џесика Бил, јавноста брзо се вљуби во новиот пар.

najdobrite-spontani-fotografii-od-justin-timberlake-i-jessica-bil-01.jpg

Тој период Џастин сè уште беше дел од NSYNC, а Џесика само што се пробиваше со серијата „7th Heaven“.

Парот се венчаше во 2012-та, а имаат и еден син – Силас. Во седумте години брак, нормално дека односот помеѓу нив не бил секогаш одличен.

Всушност, неодамна се појави и скандал со Џастин и неговата колешка Алиша Вејнрајт. Сепак, Џастин се извини и изгледа работите се вратија по старо.

Во продолжение погледнете дел од најдобрите спонтани фотографии на парот кои реално ја прикажуваат нивната љубов:

Мамурлак после Emmy наградите

Оваа слатка фотографија е направена на доделувањето на Emmy наградите во 2018-та. Наводно, досадата на Џесика ѝ поминала брзо бидејќи според фотографијата што ја сподели следниот ден, си поминала одлично на забавата.

Актерката се пофали дека била многу мамурна.

najdobrite-spontani-fotografii-od-justin-timberlake-i-jessica-bil-03.jpg

Парот на аеродром

Овде изгледа како парот воопшто да не е свесен за присуството на папараците. Фотографирани се на аеродромот LAX во Лос Анџелес.

Наводно, овој период Џастин одвоил време за сопругата, пред да замине на турнеја во 10 градови.

najdobrite-spontani-fotografii-od-justin-timberlake-i-jessica-bil-04.jpg

Заедничко смеење

Оваа фотографија е направена во 2018-та, кога Џастин беше во Лондон за турнејата Man of the Woods.

Парот направил пауза од турнејата, и беа забележани како уживаат во натпревар на Вимблдон.

najdobrite-spontani-fotografii-od-justin-timberlake-i-jessica-bil-05.jpg

Мало обединување

Фотографијата е направена во Њујорк и на неа се забележува неизмерната радост на Џесика и Џастин кога го здогледале нивниот син.

Според некои извори, најверојатно станувало збор за „обединување“ на семејството по долг период. 

najdobrite-spontani-fotografii-od-justin-timberlake-i-jessica-bil-06.jpg

Ден за прошетка

Уште една одлична семејна фотографија. Џесика изгледа навистина среќно додека го „фрла“ син ѝ. Џастин, пак, како да не знае што се случува зад него и само си ја вози количката.

najdobrite-spontani-fotografii-od-justin-timberlake-i-jessica-bil-07.jpg

Прошетка на кучињата

Џесика и Џастин отсекогаш се обидувале да водат здрав живот, па често џогираат и одат на прошетка. Неретко, со нив ги земаат и нивните кучиња.

najdobrite-spontani-fotografii-od-justin-timberlake-i-jessica-bil-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк Ја изневерувал Бритни со познати девојки, заради што таа му се одмаздила со танч...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Селена Гомез се фали со новиот дечко, откако бившиот Џастин Бибер откри дека ќе стане татко Раскинуваа, беа во врска со други, па пак се смирија, но тој ја остави засекогаш...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg