Зошто на божиќната честитка на кралицата Елизабета нема фотографија од Меган и Хари?

На божиќните честитки на кралицата Елизабета, на нејзиното биро секогаш има фотографии од семејството, а овојпат ги нема оние кои имаа најтешка година - нејзиниот син Ендру и внукот Хари со Меган.

zoshto-na-bozhikjnata-chestitka-na-kralicata-elizabeta-nema-fotografija-od-megan-i-hari-01.jpg

Во најновата божиќна честитка, која е снимена и ќе биде објавена утре на Божиќ, кралицата Елизабета признава дека 2019-та била тешка и турбулентна година за кралското семејство, но вели дека тешкотиите ќе ги надминат со мали чекори.

Принцот Филип се соочи со проблеми со полицијата заради сообраќајна незгода, принцот Хари ги призна тензиите во односот со брат му Вилијам, но откри и дека неговата сопруга Меган се мачи со новата улога како кралски член и нападите од јавноста, а принцот Ендру беше вклучен во неколку скандали и беше принуден да се откаже од кралските должности.

zoshto-na-bozhikjnata-chestitka-na-kralicata-elizabeta-nema-fotografija-od-megan-i-hari-003.jpg

Секоја година, на бирото од каде ги снима честитките, покрај неа стојат неколку фотографии од семејството, кои индиректно раскажуваат приказни за изминатата година.

Овојпат, на бирото има фотографии од принцот Чарлс и Камила, од принцот Филип, од Кејт и Вилијам со децата и од нејзиниот татко, Џорџ VI, а единствени кои недостасуваат се токму оние кои имаа најтешка година - нејзиниот син Ендру и внукот Хари со Меган.

zoshto-na-bozhikjnata-chestitka-na-kralicata-elizabeta-nema-fotografija-od-megan-i-hari-05.jpg

2018-та: по повод 70-тиот роденден на принцот Чарлс, сите фотографии на бирото се со него

zoshto-na-bozhikjnata-chestitka-na-kralicata-elizabeta-nema-fotografija-od-megan-i-hari-02.jpg

2017-та: по повод годишнината со принцот Филип - една фотка од нив од младоста, една нова и по една од внуците Џорџ и Шарлот

zoshto-na-bozhikjnata-chestitka-na-kralicata-elizabeta-nema-fotografija-od-megan-i-hari-03.jpg

2016-та: Се роди принцезата Шарлот, Чарлс и Камила прославија 10-годишнина од брак, а кралицата со принцот Филип се зближи многу повеќе

zoshto-na-bozhikjnata-chestitka-na-kralicata-elizabeta-nema-fotografija-od-megan-i-hari-04.jpg

Иако ги нема на фотографија од официјалната честитка на кралицата, сепак на Твитер беше објавена онлајн божиќна честитка од принцот Хари и Меган, заедно со синчето Арчи. 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
„На Меган Маркл тоа не може да ѝ се случи“ – Извори блиски до сопругата на Хари коментираат за Фотош... „Ова не е грешка што може да ѝ се случи на Меган. Таа има изострено око и мошне ...
Меган и Хари пред развод: „Таа сака холивудска кариера, на принцот му недостасува Англија - веќе вод... Според изворите, Хари бил засрамен од неуспешните соработки со Netflix и Spotify...
Ретка фотка од Мадона со набрана кожа на рацете и лицето – „Личи на кралицата Елизабета“ „Изгледа се врати на оригиналниот изглед“ – коментираат твитерџиите што имаа мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg