Го извлекувале од покривот на автомобилот, удрил во возило со жени и бебе - Детали за несреќата на принцот Филип
- Детали
- петок, 18 јануари 2019
Принцот Филип е свесен, но прилично потресен, по автомобилската несреќа со неговиот Land Rover во близина на Сандрингем.
97-годишниот сопруг на кралицата Елизабета вчера нешто пред 15 часот доживеал автомобилска несреќа, додека тој бил зад воланот.
Се верува дека бил заслепен од сонцето, пред да удри во автомобил со две жени и бебе.
Двете жени имаат мали телесни повреди и биле третирани од медицински лица на самото место, додека 10-месечното бебе немало никакви повреди.
Телохранителот на принцот Филип исто така за среќа останал неповреден.
Од друга страна пак, принцот Филип бил извлекуван низ покривот на автомобилот, со оглед на тоа што возилото било целосно превртено.
Господинот Варн, возачот кој се нашол на местото на несреќата, за Daily Mail изјави:
„Крвта на принцот Филип ми беше по рацете. Сè што можев да мислам во тој момент беше благодарност што не се случи нешто пострашно. Побрзав кон другиот автомобил, од кој излегуваше чад и во секој момент можеше да експлодира. Тогаш го забележав бебето на задното седиште кое врескаше.“
Фотографиите во продолжение се од несреќата, па бидете претпазливи:
М. Д. | Црнобело