„Се плашам дека Меган ќе стане жртва како мајка ми“ – Принцот Хари со емотивен напад врз британските медиуми

Принцот Хари ги нападна британските медиуми и ги обвини за психичко малтретирање и немилосрдна пропаганда, чија цена ја плаќа неговата сопруга, а вели дека не сака таа да го преживува истото како неговата мајка.

se-plasham-deka-megan-kje-stane-zhrtva-kako-princezata-dijana-princot-hari-so-emotiven-napad-vrz-britanskite-mediumi-01.jpg

Во последните неколку месеци, Меган и Хари се мета на одредени медиуми, кои постојано ги критикуваат за нивните животни избори.

Тие ги критикуваа за тоа што се премногу интимни и чуваат сè во тајност, долго време Меган не се појавуваше во јавност, а не дозволуваа ниту некој да му се доближи на малечкиот Арчи.

Најмногу беа критикувани за нивната одлука да патуваат со приватни авиони, додека се загрижени за климатските промени и загадување. Сепак, во истите медиуми, војводите од Сасекс беа претставени како да се „искупуваат“ и за време на турата во Африка, вестите за нив беа позитивни. 

Британските медиуми со месеци не го оставија кралскиот пар да ужива во својата приватност, а принцот Хари реши да стави крај на молчењето и трпењето.

se-plasham-deka-megan-kje-stane-zhrtva-kako-princezata-dijana-princot-hari-so-emotiven-napad-vrz-britanskite-mediumi-03.jpg

На нивниот официјален вебсајт е објавена неговата изјава во која вели дека се плаши дека неговата сопруга ќе падне во рацете на истите моќни сили на кои била жртва и неговата мајка.

Дел од изјавата:

„За жал, мојата сопруга стана една од жртвите на британските таблоиди кои одат против индивидуи, а не размислуваат на последиците – ова е немилосрдна кампања која ескалираше во изминатава година, за време на нејзината бременост и откако се роди нашиот син.

Секогаш има некој кој ја плаќа цената за оваа немилосрдна пропаганда, посебно кога истата е лажна и со злобни намери. Иако продолживме да бидеме храбри и да се појавуваме како ништо да не се случило – не можам да објаснам колку беше болно и тешко. Бидејќи, во дигиталната ера, многу е лесно лажните вести да се прошират низ светот како вистинити.

Позитивните насловни страни и вести од изминатава недела, во истите медиуми, се доказ за двојните стандарди на овие медиуми кои ја тортурираа на дневно ниво во последните 9 месеци – тие создаваа лага по лага на нејзина сметка, само заради тоа што таа не беше многу присустна во јавноста за време на породилното отсуство.

Жената која што ја видовте на турнејата низ Африка е истата жена од пред 1 година, на нашата свадба. За некои медиуми, ова е игра која ние не сакаме да ја играме од почетокот.

Мојот најголем страв е дека историјата ќе се повтори. Сум видел што се случува кога некој што го сакам е толку многу спомнуван во медиумите и комерцијализиран, до степен што веќе не се третира како вистинска личност и човек. Ја изгубив мајка ми и сега гледам како мојата сопруга станува жртва на истите моќни сили.

Предолго сум сведок на нејзиното страдање во приватност, а да се повлечам и да не правам ништо е спротивно на она во што веруваме.“

se-plasham-deka-megan-kje-stane-zhrtva-kako-princezata-dijana-princot-hari-so-emotiven-napad-vrz-britanskite-mediumi-02.jpg

Оваа емотивна изјава Хари ја објави откако кралскиот пар соопшти дека Меган одлучила да ги тужи Mail on Sunday, заради објавата на писмото до нејзиниот татко Томас Маркл.

Целосната изјава на принцот Хари може да ја погледнете тука

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg