„Порано бевме неразделни, сега има добри и лоши денови“ - Што се случува помеѓу браќата Вилијам и Хари?
- Детали
- вторник, 22 октомври 2019
Најголема желба на принцезата Дијана била нејзините синови цел живот да се грижат еден за друг, но изгледа во последно време тие не го исполнуваат ова барање.
Принцот Хари и принцот Вилијам до неодамна беа премногу блиски и поврзани, а тоа можеше да се забележи и на фотографиите кога уживаа во меѓусебното присуство.
Но, со последните случувања во изминатиот период, браќата изгледа ги заладиле односите и веќе ја нема истата „хемија“, што повторно може да се забележи по говорот на телото на фотографиите.
Гласините за нивниот лош однос кружат веќе подолго време, а принцот Хари во последното интервју не го негираше ова.
„Ние сме браќа и секогаш ќе бидеме браќа. Дефинитивно сме тргнати по различни патишта во животот моментално, но јас секогаш ќе бидам тука за него, а се надевам и тој за мене.“ – гласи изјавата на војводата од Сасекс кој признава дека иако некогаш биле неразделиви, сега има и добри но и лоши денови.
https://www.youtube.com/watch?v=mHujzlFzg-w
Помеѓу двајцата браќа отсекогаш постоеле разлики, но тие најмногу станаа воочливи откако Меган Маркл влезе во кралското семејство.
Додека Вилијам чекаше 8 години за да ја запроси Кејт, Хари многу брзо одлучи која ќе биде неговата животна избраничка – американска актерка со развод зад неа.
Според изворите, Хари бил свесен дека неговата избраничка не е добро прифатена, а наводно реагирал чувствително на тоа што неговиот брат не му пружил поддршка, а Кејт не се труди доволно да се здружи со Меган.
Иако многумина мислеа дека разликите ќе се надминат откако и помладиот брат ќе добие дете, сепак раѓањето на Арчи не ги промени работите на позитивно.
Хари и Меган во последната година се соочуваат со огромен притисок од медиумите, за што Хари си ја отвори душата и во последното интервју, каде зборуваше за менталното здравје и нивното добро.
Тие беа напаѓани за нивните избори да летаат со приватни авиони, како и за тоа што Меган го крие детето од јавноста, а медиумите не ги оставија на мир речиси 1 година, што за двајцата било многу тешко.
Она што исто така ја изненади јавноста, беше одлуката на Меган и Хари да се иселат од Кензингтонската палата, со што двајцата браќа за првпат се одвоија со живеалиште, а за заладувањето на односите придонело и тоа што Меган и Хари започнуваат нивна сопствена кралска фондација.
Сите овие случувања, критики од јавноста и напади во медиумите влијаат на менталното здравје на парот и општо на нив како семејство, за што принцот решил да се отвори јавно.
По искреното интервју на Хари, неговиот брат Вилијам се загрижил за доброто на парот, иако наводно бил лут заради тајмингот на интервјуто, кое го направиле пред завршувањето на неговата турнеја во Пакистан со Кејт.
Сепак, изворите велат дека на никого не би му било сеедно да го слушне својот брат да зборува така пред јавноста и наводно смета дека е најдобро тој и Меган да земат 6 недели одмор од кралски должности, бидејќи моментално се многу ранливи.
Дали ова значи дека во иднина може да дојде до уште поголеми несогласувања помеѓу браќата од кралското семејство или можеби ќе ги решат работите и повторно ќе ги зближат односите?
М. М. | Црнобело