Синот на кралицата Елизабета, принцот Ендру, фотографиран во домот на педофилот Џефри Епстин
- Детали
- понеделник, 19 август 2019
Фотографиите од насмеаниот принц Ендру како ѝ мавта на младата девојка која стои пред вратата во домот на педофилот Џефри Епстин, деновиве ја дрмаат јавноста.
Фотографиите се уште од декември 2010-та година, кога принцот Ендру јасно се гледа дека е во домот на Џефри во Менхетн, кој патем беше објаснет како полн со порнографија и бизарни украси.
Ексклузивните фотографии се всушност дел од видео, на кое Џефри Епстин го напушта домот со очигледно премладо девојче.
Од Бакингемската Палата не ја демантираат поврзаноста, односно пријателството на принцот Ендру со Џефри Епстин, но се оградуваат од било какви обвиненија за сексуален напад и искористување на малолетнички.
Принцот Ендру е под обвинение дека имал сексуални односи со Вирџинија Робертс, 17-годишна девојка.
Епстин минатата недела беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија, каде го чекаше судењето за сексуално злоставување на мали девојчиња.
М. Д. | Црнобело